Аеродромите во Дубаи постепено го зголемуваат капацитетот по укинувањето на ограничувањата за летови

- Advertisement -

Извршниот директор на аеродромите во Дубаи, Пол Грифитс, изјави дека операциите постепено се зголемуваат откако Обединетите Арапски Емирати ги укинаа сите ограничувања за летови воведени од почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран.

Од крајот на февруари, Меѓународниот аеродром во Дубаи и Дубаи Ворлд Централ безбедно опслужија повеќе од шест милиони патници, над 32.000 летови и повеќе од 213.000 тони критичен товар, рече Грифитс во порака на LinkedIn, пренесува Ал Џезира. Побарувачката за патување преку Дубаи останува висока и… системот е во добра позиција постепено да го зголемува капацитетот и да ги поддржува авиокомпаниите и патниците во понатамошниот период на прилагодување – додаде тој.

- Advertisement -

По избувнувањето на војната против Иран, Техеран одговори со напади врз цивилната инфраструктура низ Персискиот Залив, вклучувајќи аеродроми, енергетски објекти и пристаништа, според катарската телевизија.

Обединетите Арапски Емирати, кои ги нормализираа односите со Израел во 2020 година, беа меѓу најтешко погодените од нападите со ракети и беспилотни летала.

- Advertisement -

(Kamatica)
Фото – Pick Pik

- Advertisement -