EqualXChange vol.5: Објавена агендата со темите што ги дефинираат бизнисот и лидерството во 2026

- Advertisement -

На 19 мај 2026 година (вторник), во хотел DoubleTree by Hilton Skopje, ќе се оддржи 5-тото јубилејно издание на годишната конференција EqualXChange vol.5: Money. Mind. Influence., во организација на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEА.

Во време на економска неизвесност, трансформација на пазарот на труд и сè поголем притисок врз лидерството, конференцијата EqualXChange 2026 отвора простор за поинакви, порелевантни разговори, фокусирани на тоа како се носат одлуки, како се водат луѓе и како се гради одржлив раст.

- Advertisement -

Конференцијата ќе обедини повеќе од 200 учесници од приватниот сектор – лидери, менаџери, претприемачи и претставници на институции – околу три клучни теми: “Money” – финансиски одлуки, инвестиции и раст, “Mind” – ментална издржливост, фокус и перформанс, и “Influence” – лидерство, преговарање и реално влијание. Ова издание ја поставува родовата еднаквост како cross-cutting тема – не како изолирана дискусија, туку како дел од клучните бизнис прашања поврзани со продуктивност, талент и одржлив развој.

Реализацијата на конференцијата е поддржана од партнери и организации кои активно придонесуваат кон развој на современо и инклузивно бизнис опкружување, меѓу кои се PrimeClass.mk како златен партнер, EOS Matrix Македонија и проектот “Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија”, финансиран од Европската Унија и спроведен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) како track партнери, Cosmo Tinex како сребрен партнер и Delight Office Solution како бронзен партнер.

- Advertisement -

Дел од говорниците ги вклучуваат Коста Петров, основач и директор на P World, д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на EOS Matrix Македонија и Косово, Бобан Милошевски, основач на Авалон продукција, Нина Ангеловска Станков, претседателка на GEA и Асоцијацијата за е-трговија, Трајче Николов од Пивара Скопје, Сања Ѓорѓева, сертифициран експерт за спиење и основач на Dr. Goodnight, д-р Весна Чадо, основач и управител на PLX Academy, Марина Анчевска, акредитиран системски мастер коуч и НЛП мастер тренер, Иван Ивановски основач на PrimeClass.mk и PrimeCapital, како и Франка Граждани, ко-основачка на Етериум Македонија – и многу други.

Агендата за конференцијата, како и повеќе информации за картите се достапни на equalxchange.mk.

- Advertisement -

Инаку, Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија која е посветена на создавање инклузивна работна култура и промовирање еднакви можности за сите. Алијансата се залага за три главни столба: еднаква застапеност на мажи и жени на сите нивоа и позиции, еднаква плата за иста работа и еднакви можности за напредок. Работата на GEA ја поддржуваат Eurolink, Casys Сава Пензиско Друштво и Halkbank како главни партнери, како и Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Пивара Скопје,  А1 Македонија, Евроинс Осигурување, и CosLoveMetics како партнери. Поддржувачи на Алијансата се и: Сава Осигурување, Publicis Groupe,  Avenga Academy, IdeaLab и EOS Мatrix. Повеќе информации за активностите и можностите за приклучување кон Алијансата за родова еднаквост на работното место се достапни на: https://genderequalityalliance.org.

- Advertisement -