Најпознатите производи што започнале како грешки и неуспеси

- Advertisement -

Некои од најпознатите работи што денес ги земаме здраво за готово се создадени како целосни неуспеси. Не како брилијантни идеи што веднаш „кликнале“, туку како производи што не ја нашле својата намена… сè додека некој не сфатил дека нивната намена всушност е некаде на друго место.

Најлон со меурчиња
Овој најлон сега е синоним за заштита на кршливи работи, но кога бил измислен во 1957 година од страна на Алфред Филдинг и Марк Шаванес бил замислен како текстурирана пластична тапета. Идејата не се проширилс. Дури подоцна било откриено дека е совршен за пакување и транспорт.

- Advertisement -

Пластелин
Слична судбина има и пластелинот. Пред да стане омилена детска играчка, тој бил средство за чистење на саѓи од ѕидовите. Кога системите за греење се смениле и производот станал непотребен, некој забележал дека е совршен за играње.

Листерин
Дури и “Листерин” не започнал како освежувач на здив. Првично се користел како хируршки антисептик и средство за чистење. Дури подоцна ја добил својата сегашна, многу попрофитабилна употреба

- Advertisement -

Лепливи белешки (post it notes)
Овие лрпенки се проуџлезени од „неуспешно“ лепило. Лепилото не било доволно силно за она за што било дизајнирано – но било совршено за лепливи белешки што можеле да се лепат и да се вадат без оштетување.

Кока-кола
Кока-Кола првично се продавала како лек за главоболки и замор. Денес таа е еден од најпрепознатливите брендови во светот – но не за неговата оригинална намена.

- Advertisement -

WD-40
Друг интересен пример е WD-40. Бил создаден како производ за заштита на ракетни делови од корозија во воздухопловната индустрија. Денес го користиме за подмачкување врати и одвртување тврдоглави завртки.

Овие примери не се исклучоци – тие се често занемарено правило: успехот не секогаш доаѓа од добра идеја, туку од добра реинтерпретација на идеја. Не дека основачите имале „лоши идеи“. Но, пазарот често одлучува поинаку отколку што планираме.

Најуспешните производи не се нужно оние што биле совршено дефинирани од самиот почеток – туку оние што биле доволно флексибилни за да ја пронајдат својата вистинска улога. Со други зборови: понекогаш најголемата деловна грешка е всушност почетокот на вистинскиот успех.

(Bizlife)

(фото: ChatGPT image)

- Advertisement -