Кина и САД постигнаа прелиминарен договор за намалување на царините и трговија

- Advertisement -

Народна Република Кина и Соединетите Американски Држави постигнаа прелиминарен договор за намалување на некои царини и формирање на две нови трговски тела – трговски совет и инвестициски совет, објави Министерството за трговија на Кина, додавајќи дека се постигнати договори и во областите на земјоделството и воздухопловната индустрија.

Според соопштението објавено на веб-страницата на Министерството, двата совети ќе се занимаваат со преговори за реципрочни намалувања на царините за поединечни производи, како и пошироки намалувања на одредени групи стоки, вклучително и земјоделски производи.

- Advertisement -

Преку трговскиот совет двете страни ќе разговараат за намалувања на царините за одредени производи и во принцип се согласија да ги координираат намалувањата на царините за производи од заеднички интерес“, се вели во соопштението без дополнителни детали.

Кинеското министерство додаде дека двете страни, исто така, се согласиле да ја промовираат двонасочната трговија со земјоделски производи, како и да ги решат или да постигнат значителен напредок во отстранувањето на нетарифните бариери и проблемите со пристапот до пазарот за одредени земјоделски производи.

- Advertisement -

Во авиоиндустријата Пекинг и Вашингтон постигнаа договори поврзани со купувањето американски авиони од страна на Кина и американските гаранции за снабдување на Кина со авионски мотори и сродни делови.

Трамп беше во официјална посета на Пекинг на 14 и 15 мај, каде што се сретна со Си, а двајцата лидери оценија дека односите меѓу САД и Кина се меѓу најважните во светот и рекоа дека двете земји треба да соработуваат, а не да влегуваат во конфликти, нагласувајќи ја важноста на стабилните билатерални односи за глобалната економија, мирот и меѓународната безбедност.

- Advertisement -

Трамп ги оцени разговорите со Си како многу позитивни и продуктивни, нагласувајќи ги врските меѓу двете земји, додека Си рече дека Кина и САД „победуваат преку соработка и губат преку конфронтација“.

Американскиот претседател го покани Си да ги посети САД во септември.

(Euronews)

- Advertisement -