По фијаското со Ferrari, Lamborghini се откажува од електричните автомобили

- Advertisement -

Извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман, вчера изјави дека одлуката на компанијата да се откаже од развојот на целосно електрични возила на батерии (BEV) била правилна.

Винкелман изјави за CNBC дека Lamborghini донел правилна одлука кога го отфрлил целосно електричниот модел Lanzador и електричната верзија на теренецот Urus за да се фокусира на плаг-ин хибриди (PHEV).

- Advertisement -

Тој додаде дека иновациите не треба да им се наметнуваат на клиентите и дека компанијата проценила дека интересот за целосно електрични автомобили од страна на нејзините клиенти не расте доволно брзо.

Неговите коментари доаѓаат по острите критики и негативната реакција на инвеститорите на првиот целосно електричен автомобил на Ferrari, Luce, претставен оваа недела во Италија. Акциите на Ferrari паднаа за околу 8 проценти во Милано и за повеќе од 5 проценти во Њујорк откако беше претставено новото возило.

- Advertisement -

Аналитичарите велат дека негативната реакција е делумно предизвикана од дизајнот на автомобилот, што претставува големо отстапување од традиционалниот изглед на возилата на Ферари.

Lucr е дизајниран од поранешен директор за дизајн на Apple, а автомобилот привлече внимание со својот минималистички ентериер со екрани и необичен надворешен дизајн. Негативни коментари за електричниот модел на Ferrari дадоа и поранешниот извршен директор на компанијата Лука ди Монтеѕемоло, како и италијанскиот министер за транспорт Матео Салвини.

- Advertisement -

(Kamatica)

- Advertisement -