ЕУ одлучи: Starlink и Amazon може да дојдат во Европа, но под еден строг услов

- Advertisement -

Европската комисија (ЕК) соопшти дека сателитските оператори надвор од Европската унија, вклучувајќи го и сателитскиот сектор на Starlink и Amazon, ќе можат да се натпреваруваат за мобилен сателитски спектар во ЕУ, но со ограничувања на достапниот капацитет.

Според новиот предлог од Европската комисија, две третини од достапниот спектар ќе бидат рамномерно распределени помеѓу европските и неевропските оператори за комерцијална употреба, додека преостанатата третина ќе биде резервирана за државни потреби, вклучувајќи ја безбедноста и војската.

- Advertisement -

Тој дел од спектарот ќе го користи европски оператор поврзан со системот IRIS2, европски сателитски проект кој е одговор на ЕУ на Starlink.

Европската комесарка за технологија, Хена Виркунен, изјави дека предлогот има за цел да ја зголеми конкурентноста и безбедноста на Европа, а воедно да ги отвори пазарите за нови технологии и оператори.

- Advertisement -

Таа ги отфрли тврдењата дека предлогот е насочен кон американските компании, велејќи дека пристапот на Европската комисија е „транспарентнен и фер“.

Европската комисија, исто така, изјави дека лиценците на американските компании „Вијасат“ и „ЕхоСтар“ ќе бидат продолжени за дополнителни две години за време на транзицискиот период.

- Advertisement -

Предлогот сега треба да го разгледаат земјите-членки на ЕУ и Европскиот парламент пред конечно да биде усвоен.

(B92)

- Advertisement -