Кина се надева дека ќе се пробие во светот на комерцијалната авијација со првиот меѓународен лет на патнички авион произведен во Кина закажан за денес. Иако се претставува како конкуренција на гигантите, експертите веруваат дека ќе поминат генерации пред Кина сериозно да го загрози западниот дуопол.
Авионот „Комак Ц919“ ќе полета од меѓународниот аеродром во Пекинг во 15:00 часот и ќе слета во Улан Батор, главниот град на Монголија, нешто повеќе од два часа подоцна. Овој авион, произведен од кинеската државна корпорација за комерцијални авиони на Кина, е сличен по големина на „Боинг 737“ и е претставен како директна кинеска алтернатива на доминацијата на „Боинг“ и „Ербас“.
Иако Ц919 веќе лета на домашни линии во Кина од 2023 година, летот на „Ер Кина“ до Улан Батор ќе биде прв пат авионот да се користи на комерцијална меѓународна линија. Западните аналитичари, сепак, се доста претпазливи во проценката на нејзиниот успех. Напредокот на Кина во воздухопловството е значително побавен во споредба со нејзините успеси во другите високотехнолошки индустрии, како што е производството на електрични возила.
Анализа од 2020 година покажа дека повеќе од половина од добавувачите на делови за кинескиот C919 всушност се наоѓаат во САД. Дополнително, C919 сè уште не е одобрен од клучните европски или американски регулатори.
Минатата година, САД привремено го суспендираа извозот на одредени компоненти за C919 поради трговската војна со Пекинг. Сепак, за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Кина во мај, беше постигнат договор.
Кина се согласи да купи 200 авиони „Боинг“, а Америка за возврат даде гаранција за непречена испорака на делови за моторот потребни за кинеското производство. Примирјето во трговската војна истекува во ноември, ставајќи дополнителен притисок врз кинеската воздухопловна индустрија.
(Klix.ba)
Фото – Pxhere




























