Aко ги прашате децата кој дел од училишниот ден најмногу го сакаат, големиот одмор сигурно ќе биде меѓу првите одговори. Тоа е време да се отвори ужинката, да се продолжи разговорот со другарчето од клупата и да се истрча во училишниот двор. Меѓу часовите и задачите, овие кратки паузи носат смеа, игра и доживувања за кои подоцна се раскажува дома.
За родителите, дел од тој одмор започнува уште наутро, додека ја подготвуваат ужинката и ја ставаат во училишната чанта. Покрај прашањето дали се спакувани сите книги, често доаѓа и она: „Што сакаш да понесеш за ужинка?“ Кога изборот е Моја Кравица чоколадно млеко, тоа е едно мало внимание од дома што го придружува детето во неговиот училиштен ден.
А кога ќе заѕвони за голем одмор, започнува омилениот дел од денот. Некој раскажува што му се случило вчера, друг предлага што да играат, а веќе се прават и планови за по училиште. Со својот препознатлив чоколаден вкус, Моја Кравица станува дел од малите задоволства за време на оваа пауза, додека главните теми остануваат другарите, игрите и сите случки што треба да се раскажат пред следниот час.
Токму тие разговори лесно ги враќаат и родителите во сопствените училишни денови. Доволно е детето да спомене игра од дворот или нешто смешно од одморот, па да се појави и нивното: „И ние така правевме!“ Се присетуваат на другарчињата, омилените ужинки и минутите што ги броеле до ѕвончето. Така, еден обичен разговор за училишниот ден станува можност децата да дознаат какви биле мама и тато кога биле на нивна возраст.
И по враќањето дома има место за мал заеднички одмор. Пред домашните задачи и другите обврски, неколку минути за ужинка и разговор се доволни за детето да ја раскаже најинтересната случка од денот, а родителот да сподели свој спомен. Моја Кравица чоколадно млеко може да биде дел и од оваа семејна пауза, во која малите секојдневни моменти создаваат нови заеднички спомени.
Затоа што големиот одмор трае кратко, но спомените од детството остануваат долго. А понекогаш е доволно само едно прашање – „Како ти помина денот?“ – за и возрасните повторно да се потсетат на радоста на детските денови.
Моја Кравица – Биди Дете.





























