Прогласен најдобриот бар во светот

- Advertisement -

Кога Лоренцо Антинори го отворил Bar Leone во тренди квартот Шенг Ван во Хонгионг во 2023 година, сакак овој италијански бар да дава чувство како „дневната соба на баба ви“.

Тој впечаток се создава преку едноставен шанк од темно дрво, врамени фотографии од личности како Ал Пачино и Папата, како и опуштена атмосфера во стилот на „долче вита“ (dolce vita) од средината на минатиот век – иако не секоја баба знае како да подготви толку вкусни „валкани мартини“ (dirty martinis) и коктели со кисела нота и маслиново масло, пренесува CNN.

- Advertisement -

Втора година по ред Bar Leone го зазема првото место на годишната листа на најдобри барови во светот, составена од британската медиумска компанија The 50.

Нивната глобална академија од гласачи го прогласи Moebius Milano од Милано за втор најдобар бар во светот.

- Advertisement -

Именуван по илустраторот на научна фантастика Мобиус (Moebius), овој авангарден бар е сместен во поранешен магацин за текстил и се одликува со огромно маслиново дрво, високо колку два ката, поставено токму во центарот на просторот.

На третото место е Alquímico, локал на три ката во крајбрежниот колумбиски град Картагена, каде што тим составен исклучиво од жени-бармени создава атмосфера налик на карневал од колонијалната ера.

- Advertisement -

Првите пет ги заокружуваат Bar Us во Бангкок (четврто место) – слабо осветлено место за пиење кое многу сериозно пристапува кон вкусовите на коктелите – и Line во Атина (петто место), каде што пијалаците се ферментираат на самото место.

Во последниве години, „The 50“ прерасна во вистински гигант во креирањето листи, објавувајќи влијателни годишни рангирања на најдобрите светски ресторани (Maido во Лима), хотели (Rosewood Hong Kong) и лозја (Vik во чилеанската долина Миљахуе).

(N1)

(фото: Pexels/ Daniel Yampolschi)

- Advertisement -