Пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и реонски инструктори започна...

0
Денес, 20 јули, е биде објавен Конкурсот за пријавување на кандидати за реонски попишувачи и инструктори. Конкурсот ќе биде објавен во 4 дневни весници, како и на веб-страницата каде што од утре во 8:00 часот ќе биде активна и апликацијата за електронско пријавување.  Ги повикуваме сите заинтересирани, како и сите оние кои се пријавија на првиот повик во март годинава, да ја пополнат апликацијата и да станат дел од големиот пописен тим кој во септември ќе го спроведе долгоочекуваниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија.  Придонесот на секој еден од нас во пописните активности претставува придобивка за сите. И како директни учесници во спроведувањето на Пописот и како даватели на податоци – придонесуваме за креирање на една прецизна слика на состојбите во државата во точно определен момент.  Оваа прецизна слика ќе овозможи донесување на издржани политики, базирани на најнови податоци, со кои ќе се планира развојот на секое поле од живеењето и работењето. Конкурсот ќе трае до 5 август по што ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати. 

Google, Facebook и Microsoft трошат најмногу за лобирање за политиките на...

0
Компаниите Google, Facebook и Microsoft најмногу трошат за лобирање во борбата против новите закони на ЕУ, чија цел е да ја ограничат моќта на...

Хрватскиот иновативен робот Casey помага за побрзо пакување на е-нарачките

0
Casey e роботско решение за подготовка на нарачани производи пакувана во кутии како и за унапредување на процесот на комисионирање преку оптимизација и ускладување...

Париз е прогласен за најдобра туристичка дестинација за 2023

0
Во Европа се наоѓаат 63 од 100-те најдобри туристички дестинации во светот, покажа ново рангирање. Интернационалниот Индекс за туризам одбра 100 најдобри туристички дестинации за 2023...

МАСИТ бара одложување на даночните реформи

0
Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ застанува зад својот став во одбрана на создавање подобри услови за работа на бизнис-заедницата, а посебно...

Дополнителни 330.000 долари од САД за справување со Ковид 19

0
Соединетите американски држави, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), доделија дополнителни 330, 000 американски долари за справување со КОВИД-19 во земјава преку грант за Црвениот крст на Северна Македонија. Грантот на УСАИД од 330,000 американски долари за Црвениот крст се дополнување на помошта од 1,1 милион американски долари од Владата на САД доделени на Северна Македонија за намалување на ширењето на КОВИД-19. Со овој грант ќе им се помогне на најранливите заедници во општеството чијшто секојдневен живот е крајно загрозен од вирусот, вклучувајќи ги старите лица, лицата со попреченост, самохраните родители и семејствата со ниски приходи како и оние кои живеат во затворени заедници.  Во следните три месеци, Црвениот крст на Северна Македонија ќе дистрибуира 4.200 пакети со храна,4.200 пакети со средства за хигиена, 3.000 пакети со средства за дезинфекција и 1.000 пакети за бебиња. УСАИД исто така ќе му помогне на Црвениот крст да го зголеми опсегот на своите услуги за социјално и ментално здравје, кои се достапни на целата јавност.  Црвениот крст ќе обучува волонтери во своите 33 локални центри за да им помогне на сите што се соочуваат со стрес или други социјални предизвици за време на кризата. „Во име на Соединетите американски држави, чест ми е што можеме да оствариме партнерство со Црвениот крст за да обезбедиме помош за ранливите групи погодени од КОВИД-19“, рече амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз. „Овие напори на Црвениот крст претставуваат „солидарност на највисоко ниво“, како што изјави претседателот Пендаровски неодамна.  Почестена сум бидејќи САД можат да бидат дел од солидарноста заедно со Црвениот крст и сите останати кои колективно се справуваат со КОВИД-19“. Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити го поздрави новото партнерство со УСАИД за поддршка на работата што ја извршуваат волонтерите во справувањето со предизвиците од КОВИД-19.  Со помош на УСАИД „ние ќе ја зајакнеме поддршката за волонтерите со тоа што ќе им обезбедиме дополнителни психолошко-социјални услуги и засилена заштита од изложеност на вирусот“, рече тој.  „Подеднакво важни за нас и нашите волонтери ќе биде проширувањето на психосоцијалните програми за граѓаните и помош со храна и средства за хигиена за членовите на заедницата кои ги загубија своите работни места како резултат на економската криза предизвикана од КОВИД-19, како и корисниците на социјална помош, лицата со попреченост, самохранитеродители, постари и изнемоштени лица и бездомници.  Црвениот крст ќе продолжи тесно да соработува со Министерството за труд и социјална политика за да ги идентификува и да им излезе во пресрет на оние што имаат најмногу потреба во ова време”. Во изминатите 20 години, САД имаат инвестирано над 11,5 милиони американски долари само за здравството и повеќе од 738 милиони американски долари вкупна помош за Северна Македонија. Со децении, САД обезбедуваат најголема билатерална помош во јавното здравство во светот. Од 2009 година, од парите на американските даночни обврзници одвоени се повеќе од 100 милијарди долари здравствена помош и скоро 70 милиони американски долари хуманитарна помош. Бидејќи заканата од заразни заболувања е закана за сите, САД ги повикуваат другите донатори да придонесат во глобалните напори за борба против КОВИД-19. За повеќе информации во врска со активностите на УСАИД за справување со КОВИД-19 посетете ја следната веб страница: https://www.usaid.gov/coronavirus-covid-19. Оваа поддршка е надополнување на 1,1 милиони долари што САД ги одвои како поддршка на напорите на Владата на Северна Македонија во справувањето со КОВИД-19.  Во изминатите 20 години, САД имаат инвестирано скоро 11,5 милиони американски долари само за здравството и повеќе од 738 милиони американски долари вкупна помош за Северна Македонија, создавајќе значаен напредок за граѓаните во низа области, вклучувајќи безбедност, земјоделство, граѓанско општество, економски развој, создавање работни места, женско претприемништво и образование.  Со децении, САД обезбедуваат најголема билатерална помош во јавното здравство во светот.  Од 2009 година, од парите на американските даночни обврзници одвоени се повеќе од 100 милијарди долари здравствена помош и скоро 70 милиони американски долари хуманитарна помош.   Бидејќи заканата од заразни заболувања е закана за сите, САД ги повикуваат другите донатори да придонесат во глобалните напори за борба против КОВИД-19.

НАСА во вселената испраќа „вселенска навигација“ која целосно ќе ги смени...

0
За навигација на Земјата користиме GPS или мапи, но како да се снајдете во вселената каде што растојанијата меѓу вселенските тела се огромни? Токму...

15 најдобри tech подкасти што треба да ги слушате во моментов

0
Дали некогаш сте почувствувале дека технологијата се движи толку брзо во толку многу различни насоки што не постои начин еден човечки мозок да го...

ВИДЕО: Истоварањето камиони се прави за неколку минути со овој неверојатен...

0
BRUKS Drive-Thru Truck Dumper е најефикасниот дизајн што постои на пазарот за растоварање камиони. Дизајниран е така што не се потребни посебни вештини за управување,...

Образованието и семејството – фактори со најголемо влијание врз економската инклузија...

0
Здружението на бизнис жени продолжува со активностите во Кичево – уште две фокус групи за подобар преглед на ситуацијата со женското претприемништво кај ромската...