Жените ромки од Кичево имаат желба да учат и да ги унапредат своите знаења и квалификации

- Advertisement -

По првата обука за претприемништво, жените ромки од општина Кичево гласно проговорија за препреките и проблемите со кои секојдневно се соочуваат во поглед на вработувањето и вклучувањето во економијата.

Минатиот месец, на 23ти мај, во Кичево се одржа првата обука „Од идеја до бизнис“ во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи “, финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, во чии рамки, Здружението на бизнис жени заедно со локалната граѓанска организација Здружението за развој и интеграција на млади роми и ромки „ПРЕРОДБА“ од Кичево, активно го спроведуваат заедничкиот подпроект „Економска инклузија на младите ромки во општина Кичево“. Со проектот се очекува јакнење на позицијата на младите ромки на пазарот на трудот во општина Кичево, нивно мотивирање и укажување на можнотите кои постојат, како и вклучување на општината, локалните институции и граѓанските организации во поддршка на тој процес.

„Навистина сакам да ги посетувам обуките. Со обуките од проектот можам да променам дел од мојот живот, подобро да се запознаам самата себе, и како млада до го дооформам моето образование за да дојдам до идеја да отворам сопствен бизнис. При самата обука стекнав пријателки, се дружев, ја запознав и обучувачката и членки од Здружението на бизнис жени, кои ни ги укажаа можностите, кои досега не сме ги гледале, не сме знаеле за нив. Сериозно размислувам дали навистинам можам да отворам свој сопствен бизнис, на пример со мала трговија и сл.“- изјавува Сеаре  Фазлиевска, со нескриен ентузијазам. А ништо помалку задоволни и полни со желба за учење и напредување не се ни другите учеснички.

- Advertisement -

Преку овие обуки, младите жени ромки се здобиваат со основни познавања за бизнис и претприемништво, како и со информации за перцепција на постоечките можности за сопствен бизнис и препознавање на добра бизнис идеја. Во општина Кичево, и покрај препреките и предизвиците со кои жените ромки се соочуваат, постои тенденција за подобрување на дијалогот со институциите, бизнис заедницата и ГО за понатамошна заедничка соработка и поддршка на младите ромки во процесот на вработување и самовработување. Во тој правец, при следната обука, која е планирана да се одржи на почетокот на јули, ќе има и дел за запознавање со постоечките мерки на АВРМ, тековните проекти и можности преку локалните граѓански организации и запознавање и вмрежување со останатите партнери во социјалниот дијалог, вклучувајќи ги и претприемачките, како пример за добра пракса и можност за градење на менторски однос во иднина.

Сподели!
- Advertisement -