Граѓанските организации ги градат своите капацитети преку организирани обуки според сопствените потреби

- Advertisement -

По првата обука „Развој на организациски вештини за граѓански организации“, претставниците на граѓанските организации од Скопје и Кичево учеа и ги идентификуваа превидите и пропустите со кои секојдневно се соочуваат во поглед на нивната организациска поставеност и функционалност, како предуслов за организациски развој и квалитетно вклучувањето во активностите и проектите од граѓанскиот сектор

Минатиот месец, на 31ви август, во Скопје се одржа првата обука за градење на капацитетите на граѓанските организации „Развој на организациски вештини за граѓански организации” во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, во чии рамки, Здружението на бизнис жени заедно со локалната граѓанска организација Здружението за развој и интеграција на млади роми и ромки „ПРЕРОДБА“ од Кичево, активно го спроведуваат заедничкиот подпроект „Економска инклузија на младите ромки во општина Кичево“. Со обуката се очекува јакнење на организациите, нивно мотивирање и укажување како да ги прошират своите познавања и организациски вештини за граѓански организации. Ревизијата на организациската поставеност, со препораките за соодветна интервенција, беа поучна практична вежба за присутните претставници партнерските организации, како и присутните од други ГО-и од Скопје и Кичево.

 

- Advertisement -

Втората обука за градење на капацитетите на граѓанските организации, во рамки на проектот, е планирана за 7ми септември 2017, четврток, во Кичево. Темата на оваа обука ќе биде „Развој на вештини за застапување за граѓански организации”. Со неа се очекува јакнењето на организациите да се постигне преку нивно поврзување и поттикнување за заедничко делување, со проширување на нивните знаења од областа на застапување и лобирање за граѓански организации, со оглед дека истото беше дијагностицирано како слаба точка на граѓанските организации во општина Кичево.

Сподели!
- Advertisement -