Бидејќи на некој начин треба да се надоместат милионите долари кои Facebook ги плати за апликацијата и платформата WhatsApp, уште минатата година се појавија информации дека ќе почне да се наплаќа корпоративната употреба на платформата, а сега ситгна и потврда за тоа. Од WhatsApp изјавија дека ќе воведат наплата за корпоративно користење на апликацијата и го укинуваат бесплатното користење на WhatsApp zза претставување на компаниите пред потенцијалните корисници, клиенти и деловни партнери.
„Сакаме да ја воведеме можноста, условно речено, за претплата која на корисниците ќе им овозможи да контактираат со компании кога бараат конкретен одговор, а на компаниите да ги претстават своите производи и услуги на корисниците. Да, планираме наплата за компаниите кои ќе ја користат нашата апликација за комуникација со приватни лица“ потврдија од WhatsApp.
Моментално не е познато колку ќе чини претплатата ниту како ќе се наплатува. Потврдено е дека одреден број компании од Бразил, ЕВропа, Индија и Индонезија веќе ги тестираат новите опции на WhatsApp.
(Zimo)