Соларната енергија била најбрзорастечки извор на енергија во 2016

- Advertisement -

Соларната енергија била најбрзорастечки извор на глобална енергија минатата година, надминувајќи ги сите други извори на енергија, соопшти Меѓународната агенција за енергетика (IEA)

Овој раст главно се должи на пониските цени и промени на ставовите на владите кои почнуваат да се оттргнуваат од традиционалните извори на енергија како што е, на пример, јагленот.

Кина одигра голема улога во растот на обновливите извори на енергија, со удел од речиси половина од сите нови соларни панели инсталирани на глобално ниво.

- Advertisement -

Многу експерти укажуваат на “нова ера” за соларните фотонапонски системи, очекувајќи нивниот капацитет и развој да се зголеми повеќе од било која друга технологија за обновлива енергија до 2022 година.

Всушност, Меѓународната агенција за енергетика, призна дека го потцениле брзиот раст на еколошката енергија, истовремено истакнувајќи дека многу држави се подготвени за соларен бум во наредните години. На пример, се очекува дека Индија толку ќе ги зголеми своите обновливи извори на енергија до 2022 година, што ќе ја надмине и ЕУ.

- Advertisement -

Иако бројките се охрабрувачки, постојат некои несигурности за иднината, како на пример ставовите на американскиот претседател Доналд Трамп. Но, засега агенцијата предвидува продолжување на позитивните трендови за иднината.

(ICTBusiness)

Сподели!
- Advertisement -