14 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

7 компоненти кои ги содржи успешната маркетинг порака

Kabtel desktop

Најважниот дел од вашата маркетинг стратегија треба да биде порака која ќе ја пренесува суштината на она што вашите клиенти го купуваат.

Следниве неколку компоненти треба да се клучни делови од една маркетинг порака за таа да биде успешна.

1. Директност 

Суштината лесно се губи доколку користите премногу зборови и објаснувања во вашата маркетинг порака, како на пример: Во денешниов високо конкурентен бизнис свет, секоја компанија има потреба од софтвер која го прави производствениот процес поефикасен.“

Брилијантната маркетинг порака веднаш преминува на главното: „Нашиот софтвер го крати производствениот процес.“

2. Перспектива на корисникот

Слабите маркетиг пораки пренесуваат како продажниот тим го гледа светот: „Нашиот светски инженерски тим го дизајнираше производот да може лесно да се користи и да биде флексибилен истовремено.“

Брилијантната маркетинг порака цели кон она што му е важно на корисникот: „Потребни ви се само 10 минути за да научите како функционира производот.“

3. Користење на познат јазик

Напорните стручни фрази можат да ја скријат суштината на пораката: „Нашиот систем за олеснување на продажбата создава интегрирана компјутерска рамка за профитабилни интеракции со клиентите.“

Брилијантната маркетинг порака користи едноставни и јасни зборови: „Му помагаме на вашиот тим за продажба да склучува повеќе договори.“

4. Неформалност

Често пати некои маркетинг пораки звучат изнудено и неприродно: „Нашата најјака форма на комуникација е однесување во сооднос со нашата визија за лидерство.“

Брилијантните маркетинг пораки звучат пријателски: „Нема изненадувања. Никогаш.“

5. Оригиналност

Маркетинг пораките знаат да звучат како да се креирани по шема и дека можат да се однесуваат на било кој производ: „Нашиот производ кој се има закинето со неколку награди ги намалува трошоците и создава повеќе приходи.“

Брилијантните маркетинг пораки се уникатни: „Ќе заштедите толку многу што ќе ви се чини дека сте добиле на лотарија.“

6. Без дополнителни објаснувања

На слабите маркетинг пораки им е потребно декодирање за да прават смисол: „Ние сме двоен ас во вашиот ракав.“

Брилијантните маркетинг пораки имаат значење кое ви е јасно во моментот кога ќе ги прочитате: „Нашите реклами привлекуваат двојно повеќе внимание.“

7. Забавни се 

Слабите маркетинг пораки се фокусираат само на работа, никако на забава: „Нашиот систем го постигнува највисокиот квалитет за индустриски стандарди.“

Брилијантните маркетинг пораки често имаат доза хумор: „Ова е како спој помеѓу ракетна наука и мозочна операција, само многу полесно за користење!“

(Inc.com)

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •