14.9 C
Skopje
недела, ноември 17, 2019

Lufthansa го презема најголемиот дел од AirBerlin

Kabtel desktop

Најголемата авиокомпанија во Германија, Lufthansa, ќе ја купи регионалната авиокомпанија „Niki” која во 2011 година се спои со AirBerlin, регионалната авиокомпанија LG Walter и некои дополнителни авиони со кратки дестинации, најавија од компанијата

Air Berlin, која се бореше да оствари профит во текот на последната деценија, со владиниот заем ги одржуваше своите авиони во воздух додека преговараше со потенцијалните купувачи за делови од својот бизнис.

На крајот од минатиот месец, од компанијата најавија дека преговорите со Lufthansa и британскиот easyJet ќе продолжат до 12. октомври. Преговорите вклучуваат и преземање на базите на AirBerlin на аеродромите Берлин Тегел и Дизелдорф.

EasyJet, која има база на аеродромот во Шенефелд во Берлин, преговара за купување на 27 до 30 авиони од AirBerlin, иако во медиумите претходно оваа недела се шпекулираше дека разговорите би можеле да пропаднат.

AirBerlin, втор по големина авиопревозник во Германија, ќе престане со оперативни летови овој месец.

(Reuters)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •