Wizz Air започна со новата политика за бесплатен рачен багаж

- Advertisement -

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и  источна  Европа, ја претстави новата политика за рачен багаж која им овозможува на сите патници да патуваат со еден голем рачен багаж вклучен во цената на картата

Патниците автоматски ќе имаат право да понесат со себе едно парче рачен багаж со максимум димензии од 55x40x23 цм и максимум тежина од 10кг кои што се вклучени во цената на картата. Патниците исто така ќе можат да внесат производи купени од фришоп на аеродромот по безбедносните проверки.

За патниците кои бараат дополнителен рачен багаж, услугата Wizz Priority им овозможува на патниците да внесат дополнителна торба во авионот која ќе ја сместат под седиштето со максимални димензии 40х30х18 цм и гарантира дека нивниот бесплатен рачен багаж ќе биде сместен во кабината. Услугата исто така гарантира дека рачниот багаж (55x40x23 цм) ќе им биде сместен во областа на кабината. Wizz Priority исто така им овозможува на патниците да го прескокнат редот на чекање и да бидат меѓу првите кои ќе се качат во авионот (Wizz Priority услугата е достапна и за патниците ќе одберат WIZZ Go, WIZZ Plus и WIZZ Privilege Pass).

- Advertisement -

„Во Wizz Air, задоволството на патниците е наш приоритет, што е причината зошто ние ги слушавме повратните барања на патниците и сега нудиме голем рачен багаж бесплатно со секој купен билет. Ова е уште еден пример за посветеноста на Wizz Air во обезбедувањето на најдобро искуство за нашите патници, од моментот кога го резервираат својот лет, до слетувањето на одбраната дестинација. Нашиот пријателски и професионални екипаж со нетрпение ги очекува новите и редовните патници наскоро“, изјави главниот маркетинг директор на Wizz Air, Јохан Ајдахен.

Сподели!
- Advertisement -