Сингапур нема повеќе да издава дозволи за возење автомобил

- Advertisement -

Сингапур ќе престане да издава нови дозволи за возење почнувајќи од февруари 2018 година. Владата вели дека во земјата има ограничен простор и тоа е главната причина за мерката. Планот е стапката на раст на бројот на нови возила да се намали од 0,25% на 0% годишно.

Агенцијата за патен сообраќај е таа која ги издава дозволите кои на возачите им даваат право да поседуваат возило на период од 10 години. Но, сега се издадени сите такви дозволи на аукција. На последната аукција највисоката понуда за една дозвола за возење беше 30.533 долари.

- Advertisement -

Патиштата моментално заземаат 12% од вкупната површина на градот-држава. Има повеќе од 600.000 приватни и изнјамени автомобили на тој ограничен простор. Ограничувањето на новите возила ќе го отени поседувањето автомобил во Сингапур. Земјата се уште е најскапото место на светот за поседување возило. Според Reuters, автомобилите од средната клаза во сингапур чинат четири пати повеќе отколку во САД.

Сепак, рестрикциите ќе имаат и позитивни ефекти, барем во поглед на животната средина. Помалку автомобили на патиштата во Сингапур ќе значи помало загадување. Дури и без да се доградат патишта, со стопирањето на издавањето дозволи ќе се намали претрупаноста на постојниот систем. Агенцијата за патен сообраќај повторно ќе дискутира за рестрикцијата за дозволи за автомобили и моторцикли во 2020 година, а за комерцијални возила во 2021 година.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -