22 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Кинески научници создадоа ориз кој расте во солена вода – ќе нахрани 200 милиони луѓе

Kabtel desktop

Научници во Кина развија неколку типови ориз кој може да се одгледува во морска вода и на тој начин потенцијално да се создаде доволно храна за 200 милинои луѓе. Истражувачи со децении се обидуваа да одгледуваат ориз во солена вода, но досега беа добиени само варијации кои може да се продаваат на пазар.

Оризот кој расте во солена вода беше одгледуван во поле во близина на Жолтото Море во крајбрежниот град Чингдао. Беа посадени 200 различни типови од житарката за да се види кои најдобро ќе виреат во солени услови.

Во полињата беше испумпувана морска вода, која потоа беше растворена и со канали пренесена до насадите. Научниците очекуваа да добијат околу 4,5 тони ориз по хектар, но оризот ги надмина очекувањата и произведе 9,3 тони по хектар.

Во Кина има 1 милион квадратни километри земјиште каде што не се одгледува ништо поради соленоста на почвата. Научниците се надеваат дека новиот ориз ќе овозможи барем дел од тоа земјиште да стане земјоделско. Дури и ако само 1/10 од таа површина се посади со ориз, ќе се добијат 50 милиони тони храна, што е доволно за да се нахранат 200 милиони луѓе.

Новиот тип ориз го создаде тим од научници предводени од 87-годишниот Јуан Лонгпинг, кој со децении пробува да одгледува ориз во различни услови. Јуан изјави: „Доколку некој фармер се обиде да одгледува ориз кој не расте во солена вода, веројатно ќе добие по 1.500 килограми од хектар. Тоа е непрофитабилно и не вреди за трудот“.

Оризот кој расте во солена вода моментално се продава по цена од 50 јуани или околу 7,5 долари за килограм, што е 8 пати повеќе од цената на обичниот ориз. Освен цената, новиот ориз е добар и за здравјето затоа што содржи многу калциум.

(Independent)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •