-8.2 C
Skopje
четврток, јануари 20, 2022

Светски економски форум: колкав е јазот меѓу половите во 2017 година?

Kabtel desktop

Еднаквоста на половите е од суштинско значење за напредок на економиите и општествата. Обезбедувањето соодветен развој и работа за половина од базенот со таленти на Земјата има големо значење за растот, конкурентноста и подготвеноста за иднината на економиите и бизнисите на глобално ниво. Годинашниот извештај на Светскиот економски форум ја анализира динамиката на јазот меѓу половите во различни индустрии и занимања. Global Gender Gap Report анализира 144 земји врз основа на еднаквоста на половите низ четири тематски целини: економско учество и можности, стекнато образование, здравје и опстанок и политичка моќ.

Доколку се анализира според вкупната популација, во 2017 година просечниот напредок во намалувањето на јазот меѓу половите е 68,0%, што значи дека се уште остануваат 32,0% кои треба да се затворат. И покрај различната слика во различни земји и региони, ситуацијата на глобално ниво годинава е поурамнотежена и на регионално и на национално ниво. Од 142 опфатени со годинашниот и минатогодинашниот извештај, 82 го намалиле јазот меѓу половите.

Четири региони во светот имаат јаз помал од 30%. Западна Европа има најмал јаз од 25%, потоа следува Северна Америка со јаз од 28%, Источна Европа со 29% и Латинска Америка со јаз од 29,8%.

На листата со земји според јазот меѓу половите на прво место е Исланд, со помалку од 13% јаз меѓу машкиот и женскиот пол. Од првиот извештај за јазот меѓу половите во 2006 година досега Исланд го има намалено јазот за 10% и е една од земјите кои најмногу работат на тоа поле.

На второ место е Норвешка, која ја презеде позицијата од Финска со својот јаз д помалку од 17%. Финска падна на трето место со јаз од околу 18% Educational Attainment. Руанда е на четврто место со јаз од околу 18% и постојано се искачува на листата. По осум последователни години на четврто место, Шведска годинава е на петто место со јаз од 19%. Втората петорка ја сочинуваат: Никарагва (19%), Словенија (20%), Ирска (21%),Нов Зеланд (21%) и Филипините (21%).

Македонија се наоѓа на 67-мо место и речиси идентичен напредок во затворањето на јазот како Босна и Херцеговина. Од регионот најдобро е рангирана Бугарија на 18-то место, па следуваат Албанија на 38-мо место, СРбија на 40-то и Грција на 78-мо место.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!