По повд 60-годишнината од производството на камиони во Бразил, Ford претстави посебна капа наменета за возачи на камиони и дрги учесници во сообраќајот. Секако, ова не е обична капа и на нејзиниот развој Ford соработуваше со креативната агенција GTB и спроведоа истражувања за начинот на кој се движи главата на возачите на камион кога им се спие и кога се уморни за да се разликуваат од движењата на главата во текот на возењето како гледање во ретровизор, во контролната табла итн.
Врз основа на тие информации оваа капа, наречена SafeCap, ја опремија со технологии како акцелерометар и жироскоп за следење на движењата во текот на возењето и ако забележат дека на возачот му се спие, ќе активираат вибрации, односнп звучни и светлосни сигнали кои би требало да го разбудат возачот и да го предупредат дека е време за одмор.
Моментално е само прототип и не е познато кода и дали Ford ќе почне да ја произвдува, но според шефот на продажба на компанијата во Берлина, нивната цел е SafeCap да ја споделат со други земји и пазари, па можеме да очекуваме дека капата сепак ќе излезе од фазата прототип и ќе се најде во продажба.
(Zimo)