- Advertisement -
Додека Apple постојано пронаоѓа нови начини да биде револуционерна во индустријата за паметни телефони, една друга компанија се обидува да не врати во поедноставни, помирни и секако поевтини времиња.
Како што иноформира сајтот B92.net, компанијата FutureModel на крајот на месецот планира да лансира уред наречен NichePhone-S кој работи на оперативниот систем Andorid, но не може да прави ништо друго освен да служи за повикување, за СМС и за слушање музика. Голем е колку кредитна картичка и изгледа како мал дигитрон.
- Advertisement -
Телефонот ќе се појави на пазарот на 10 ноември во Јапонија и ќе чини 95 долари. Работи на оперативниот систем Andrоid 4.2, а екранот изгледа како екран на дигитрон.
- Advertisement -