Македонија и Црна Гора ќе развиваат заедничка туристичка понуда

- Advertisement -

Македонија и Црна Гора ќе имаат заедничка туристичка понуда наменета за трети пазари

Целта на оваа одлука е да се подобри економската соработка на земјите, а освен во туризмот, предвидена е и соработка во прехрамбената индустрија.

Одлуката беше најавена на денешниот бизнис форум кој се одржа во Стопанската комора на Македонија, а беше организиран од страна на Амбасадата на Црна Гора во Скопје.

- Advertisement -

„Не можеме да се пофалиме со голема размена. Износот е многу мал. Во оваа насока, а и со оглед дека имаме Договор за соработка во областа на туризмот, планирани се повеќе активности. Ќе организираме инфо-тура за посета на нашите тур-оператори во Црна Гора и обратно, нивни тур-оператори да дојдат тука. Целта е да се согледаат капацитетите од двете страни. Се размислува и за организирање заеднички туристички производи, Македонија и Црна Гора да се претстават како заедничка дестинација пред туристи од трети земји.“, изјави Даниела Михајловска од Стопанската комора.

На бизнис форумот учествуваа околу 40 претставници од бизнис секторот, а во фокусот беше црногорското градче Тиват каде е забележан инвестициски бум во последните десет години.

Сподели!
- Advertisement -