12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

Барселона e новиот стартап центар во Европа

Kabtel desktop

Кога ќе се споменат европските стартап сцени, прво се помислува на Лондон, Берлин или Стокхолм. Јужниот дел од континентот е најпознат по топлите, но економски дисфункционални градови, кои се совршени за туризам, но не и за водење бизнис.

Сепак, ова е погрешна перспектива, бидејќи Барселона станува дом на најразвиената релативно мала европска стартап сцена.

Иако стартап сцената овде е релативно млада и нема репутација како Силиконската Долина или Тел Авив, извештајот од американската консултантска организација Startup Genome покажува дека во Барселона работи огромен број стартапи, многу повеќе отколку што би помислиле.

Постојат повеќе од 1.000 технолошки стартапи овде кои привлекуваат инвеститори и поголеми бизниси кои сакаат да инвестираат во нови технологии развиени од млади таленти.

„Градот има екосистем во вредност од 6,4 милијарда долари, а бројот на стартапи кои се откупени од големи бизниси (exits) се зголеми за четири пати последниве години“ стои во извештајот.

Од 2013 година наваму во Барселона просечната вредност на стартап кој преминал во поголем бизнис се движи од 100.000 долари па нагоре. Последен ваков пример е стартапот за видеоигри Social Point кој осигура излез од 270 милиони долари, како и Privalia, аутлет за онлајн шопинг, со излез од 560 милиони долари.

Стартапите во Барселона најчесто работат на технологии за паметни градови, видеоигри, биотехнологии и фармација. Ова се должи и на фактот што Барселона со години е седиште на пет најголеми фармацевтски компании во Шпанија. Дополнително, во регионот се наоѓаат 870 компании кои работат во секторот на науката.

Благодарение на поволностите кои ги нуди живеењето во Барселона, како здравата економија, космополитскиот дух и богатиот културен живот, стартап сцената е посебно успешна во привлекувањето млади таленти. Извештајот покажува дека само 3% од стартапите кои започнале во Барселона се преселиле на друго место.

 


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!