Нови цени на горивата од полноќ

- Advertisement -

Од вечерва на полноќ н очекуваат нови, повисоки цени на горивата, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Зголемувањето на малопродажните цените на бензините и на дизел горивата ќе биде од два до три денари.

- Advertisement -

ЕУРОСУПЕР БС95 поскапува за 2,5 денари за литар и ќе се точи по 66,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС 98 поскапува за 3 денари за еден литар и ќе се точи за 68,5 денари.

Дизелот станува поскап за 2 денари и еден литар од полноќ ќе се точи за 54 денари. Поскапува и маслото за домаќинство и неговата нова цена ќе биде 42,5 денари за литар.

- Advertisement -

За 2,556 денари поскапува и мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 29,351 денари.

Одлуката за поскапувањето е донесена поради поскапувањето на суровата нафта на светските берзи.

Сподели!
- Advertisement -