Марк Цукерберг и сопругата Присила донираа 12 милиони долари за студентите на Харвард

- Advertisement -

Основачот и директор на Facebook, Марк Цукерберг и сопругата Присила Чен ќе донираат 12,1 милиони долари на Универзитетот Харвард како помош за 2.300 студенти во текот на наредните 15 години.

Парите ќе им овозможат на студентите кои имаат ниски приходи да вршат некои работи во јавните служби на универзитетот. Програмата за стипендирање, пак, Stride ќе биде преименувана во Priscilla Chan Stride Service Program во чест на сопругата на Цукерберг.

- Advertisement -

Присила е поранешна студентка на Харвард која во времето додека студирала ги користела средствата на стипендијата.

Сподели!
- Advertisement -