10.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Ова се наградените компании со најдобри општествени практики

Kabtel desktop

Се зголемува бројот на компаниите во Македонија кои применуваат општествено одговорни практики, но тоа треба да стане општо прифатен стандард. Овој концепт на фирмите им донесе и профит и им ја зголемува конкурентноста, беше порачано денеска на доделувањето на 10.„Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2017 година“

 

Со одлука на жири комисиите, наградени се следниве компании:

Категорија „однос кон вработените“ – „Алкалоид“

Категорија „Етичко управување“ – Раде Кончар ТЕП

Категорија „Односи на пазарот“ – Рамстор Македонија“

Категорија „Однос кон животна средина“ – „Скопски легури“, Адора инженеринг“ и Градежен институт Македонија

Категорија „Вложување во заедниците“ – „ЕВН Македонија“, „Фармахем“ и ОКТА

Беа доделени и јубилејни принанија за најнаградувани мали и средни претпријатија.

На годишниот конкурс за наградата беа пријавени вкупно 34 проекти, 10 на мали и средни претпријатија, а 24 на големи претпријатија. Најголемиот дел од фирмите кои аплицираат се од услужниот сектор, финансискиот и ИКТ секторот, а најбројни беа апликаците со проекти во категоријата „Вложување во заедницата“.

Годинава првпат аплицираа осум претпријатија, или 32 проценти од вкупниот број, што, според министерот за економија Крешник Бектеши, говори дека интересот на фирмите за учество во наградата од година во година се зголемува. – Ова покажува дека концептот на општествена одговорност станува составен дел на работењето на одговорните субјекти во Македонија по примерот на европските, рече Бектеши.

Според препораките на жири комисијата, компаниите во иднина треба да посветат поголемо внимание на иновативниот приод при осмислување и спроведување на практиките, подетално да ги објаснат деловните и општествените придобивки на проектите како и да покажат поголема соработка со граѓански организации, институции и други претставници на непрофитниот сектор.

Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во Македонија се доделува веќе десетта јубилејна година. Во тој период 173 домашни фирми аплицирале со 540 општествено одговорни практики, од кои се наградени 252.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!