Холивудските филмови наскоро ќе се финансираат со криптовалути

- Advertisement -

Буџетите на холивудските филмови растат од година во година, како и заработката на најголемите хитови. Но, многу е потешко да се најдат финансиери за такви мегаломански проекти. Токму затоа е сосема рационална идејата на еден филмски продуцент својот следен филм да го финансира со криптовалути.

Кристофер Вудроу е продуцент на филмот „Birdman”, кој доби Оскар, а за својот следен проект планира да издаде криптовалута насловена MovieCoin, и тоа веќе на почетокот на 2018 година. Средствата кои ќе ги собере со продажбата на MovieCoin нема да бидат наменети само за финансирање на неговиот следен филм, туку толку е уверен во успехот на својот план што планира да финансира неколку филмови. Инвеститорите, односно купувачите на MovieCoin ќе бидат исплатувани во согласност со успешноста на филмот.

- Advertisement -

Zimo пишува дека тој сака да продаде MovieCoin во вредност од 100 милиони долари. „Се обидуваме да го револуционизираме начинот на кој се финансираат филмовите. Сега сме во процес на подготвување на проект во кој се вклучени врвни филмски ѕвезди, уредници и продуценти, а би бил понуден во склоп на MovieCoina“ истакна Вудроу.

Ова не е прв пат некој да се обиде виртуелната валута да ја доведе во светот на забавата. Поп ѕвездата Бјорк неодамна изјави дека ќе прифаќа биткоин и други криптовалути како средство за плаќање на последниот албум. Со оглед на вредноста и побарувачката за криптовалути, не е чудно и други продуценти да тргнат по стапките на Вудроу.

Сподели!
- Advertisement -