Охридска банка Сосиете Женерал прославува 10 години во Македонија

- Advertisement -

Охридска банка Сосиете Женерал, како врвна финансиска институција присутна на
македонскиот пазар, годинава прославува десет години од доаѓањето на светската групација
Сосиете Женерал во Македонија. Охридска банка стана дел од Сосиете Женерал во 2007
година, кога групацијата откупи мнозински пакет акции во Банката.

Како дел од оваа еминентна групација, Банката изминативе 10 години во Македонија работи
во динамично и честопати неизвесно опкружување. Сепак, водена од начелата и искуствата на
Групацијата, успеа со тимска работа да изгради добро избалансиран банкарски модел, да се
здобие со долгорочна доверба од клиентите и со посветеност на вработените.

- Advertisement -

Нашиот тим секогаш е и ќе им биде посветен на клиентите. Неуморно се трудиме да ги
задоволиме потребите на клиентите и да ги поддржиме во нивните стремежи, токму
затоа сме им и благодарни што постојано нè мотивираат и го збогатуват нашето
семејство. 2017-та ја заокружуваме како Чиста десетка за нашите десет години во
Македонија. Впрочем, „Чиста 10-ка“ беше насловот и на проектот со кој сакаме да
оставиме белег во заедницата, да ги пронајдеме креативните млади умови, да го
поддржиме потенцијалот на оваа земја, да го наградиме и да го поддржиме во
реализацијата и финансиски и со експертиза“, изјави Бранка Павловиќ, претседател на
Управниот одбор на Охридска банка Сосиете Женерал.

Поддржувајќи го населението и стопанството од моментот кога Охридска банка стана дел од
групацијата Сосиете Женерал, Банката бележи континуиран и повеќекратен раст на сите
полиња во однос на 2007 година. Вкупните средства се зголемени за 3 и пол пати. Вкупните
депозити се зголемени за 3 и пол пати. Кредитите се зголемени за речиси 10 пати. Нето
банкарскиот приход и добивката се зголемени за 4 пати. Реализиран е натпросечен раст на
пазарното учество на кредитите, и тоа кај населението од 3 % на 8 %, а кај правните лица од 3
% на 10 %., а ефикасноста (трошоците во однос на приходите) е зголемена за 30 % во
последните 10 години. Бројот на корпоративни клиенти бележи пораст за 15 пати.

- Advertisement -

Банката е преферирана меѓу странските инвеститори и бележи присутност од 90 % во
интернационалните компании и пенетрација од 80 % кај големите компании во Македонија,
при што Банката посветува особено внимание и на малите и средните претпријатија. Воведени
се многу новитети во корпоративното и инвестициското банкарство на пазарот, меѓу кои се
вбројуваат првиот синдициран кредит во областа на рударството, проследен со 3 меѓународни
синдицирани заеми. Банката нуди и широка палета производи за индивидуалните клиенти. Во
тој поглед, Охридска банка Сосиете Женерал е лидер на пазарот на банкарските производи со
вклучено осигурување и со гарантирана каматна стапка. Станбениот кредит „План за стан
2030“ доби и признание за општествена одговорност поради гарантираната фиксна каматна стапка до 2030 г. Годинава е воведена и скоринг-алатка, со која неколкукратно се намалува
времето за одобрување кредит, за секој клиент да добие брзо и уникатно искуство.

- Advertisement -

Потврда за напорната и посветена работа на Банката се и трите престижни банкарски награди
добиени во 2016 г.: Euromoney, The Bankеr и Global Finance за најдобра банка на годината во
Република Македонија. Во 2017 година, Охридска банка Сосиете Женерал го повтори успехот
освојувајќи ги наградите од Euromoney и Global Finance.

Оваа година, Охридска Банка Сосиете Женерал ја одбележа својата годишнина преку Проектот
„Чиста 10-ка“, чија цел беше да ги подршиме младите, креативни, иновативни и амбициозни
умови, да го подобриме претприемачкиот дух на младите генерации, да ја најдеме
најквалитетната бизнис идеја и да ја наградиме со 10.000 евра.
На Проектот „Чиста 10-ка“ аплицираа 163 апликации, од кои 88 комплетно ги исполнуваа
условите за понатамошно разгледување. Комисијата избра 5 финални апликации, од кои, една
беше избрана за победничка и наградена со 10.000 евра. Тоа е апликацијата на Зоран
Настески и Дамјан Димитриоски, Qpick.App – алатка која ќе ги замени принт флаерите со
дигитални паметни флаери, ќе го смени начинот на кој потрошувачите купуваат и бизнисите
се рекламираат и ќе спаси многу дрва од уништување за принт маркетинг.

Денес, Сосиете Женерал е една од водечките светски банкарски групации, застапена во
шеесет и седум земји, и услужува повеќе од 31 милиони клиенти. На глобално ниво,
групацијата има 145.700 вработени од 123 националности.

Сподели!
- Advertisement -