Лансиран AI Balkans – првиот регионален хаб посветен на вештачката интелигенција

- Advertisement -

Нова иницијатива на AINOW Society ќе ги поврзе ВИ екосистемите во Западен Балкан и ќе му даде поголема глобална видливост на регионот

AINOW Society, првата невладина организација за вештачка интелигенција во Северна Македонија, официјално го лансираше AI Balkans – првиот регионален ВИ хаб посветен на вештачката интелигенција во Западен Балкан. Оваа иницијатива е дел од пошироката програма на AINOW Society, чија мисија е да ја унапреди писменоста, истражувањето, иновациите и одговорната примена на вештачката интелигенција во регионот.

AI Balkans претставува централизирано место каде што ќе се обединуваат вести, анализи, истражувања, практични водичи, интервјуа, експертски осврти и регионални приказни поврзани со вештачката интелигенција. Наместо само да ги следи глобалните ВИ трендови, хабот има за цел да ги стави во фокус луѓето, компаниите, универзитетите, институциите, стартапите и организациите кои веќе создаваат вредност во Западен Балкан и да ја поврзе нивната работа со меѓународната ВИ заедница.

- Advertisement -

Посебна вредност на AI Balkans е тоа што претставува практичен пример за интеграција на вештачката интелигенција во современите медиумски и информативни платформи. Во рамки на самиот хаб е развиен и интегриран сопствен ВИ модел кој им овозможува на корисниците интерактивно да ја истражуваат содржината и контекстот на платформата, како и посебна алатка за проверка на факти што придонесува за поголема доверба, транспарентност и разбирање на информациите. Хабот располага и со аудио функционалности за подобра пристапност, како и со регионален ВИ директориум што ќе ги поврзува компаниите, организациите, експертите и сите чинители кои го градат овој значаен екосистемот во Западен Балкан.

AI Balkans е целосно осмислен и развиен од нула од страна на експертот за вештачка интелигенција и основач на AINOW Society, Суад Сефери, кој е креатор на концептот, архитектурата и развојот на платформата, вклучително и интеграцијата на ВИ функционалностите што ја прават платформата интерактивна и уникатна во регионот.За уредувачката политика и редакцискиот развој на хабот е задолжен Бојан Стојковски, генерален уредник на AI Balkans и еден од основачите на AINOW Society.

- Advertisement -

Балканот ги има сите предуслови да стане значаен регион во областа на вештачката интелигенција: талентирани луѓе, амбициозни претприемачи, силна инженерска традиција и сѐ поголем број стартап-компании што развиваат производи наменети за глобалниот пазар. Она што ни е потребно сега е повеќе простор овие идеи и луѓе да се поврзат, да соработуваат и нивниот глас да биде слушнат. Токму затоа верувам дека AI Balkans е значајна иницијатива. Таа има потенцијал да стане платформата што ќе го обедини регионалниот екосистем за вештачка интелигенција, ќе ја промовира работата што веќе се создава, ќе поттикне нови партнерства и ќе придонесе Балканот да се препознае не само како извор на талент, туку и како регион што создава компании за вештачка интелигенција, научноистражувачка работа и иновации со глобално влијание“, изјави Бојан Стојковски, генерален уредник на AI Balkans и еден од основачите на AINOW Society.

Покрај редакциската содржина, AI Balkans ќе функционира и како отворена платформа за целата регионална ВИ заедница. Истражувачи, универзитетски професори, стартап-компании, институции, организации, новинари, студенти, инженери и ВИ експерти ќе можат да доставуваат свои анализи, истражувања, интервјуа, мислења, практични примери и вести поврзани со вештачката интелигенција. Секоја содржина ќе биде разгледувана според јасно дефинирани уредувачки критериуми, засновани на проверливи извори, професионални стандарди, транспарентност и регионална релевантност.

- Advertisement -

Важен сегмент од развојот на платформата ќе биде и академско-истражувачката работа, која ќе ја координира Сеад Џигал, еден од основачите на AINOW Society. Во рамки на AI Balkans ќе се развиваат истражувања, анализи и публикации насочени кон подобро разбирање на влијанието на вештачката интелигенција врз општеството, јавните политики, економијата и образованието.

Со AI Balkans, AINOW Society прави нов чекор кон создавање на силен, поврзан и видлив регионален ВИ екосистем. Амбицијата на хабот е да стане централно место каде што ќе се среќаваат знаењето, иновациите, истражувањата и луѓето кои ја создаваат иднината на вештачката интелигенција во Западен Балкан и пошироко.

- Advertisement -