10.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Бербата на првиот македонски медицински канабис заврши, во тек е екстракцијата

Kabtel desktop

Бербата на првиот медицински канабис одгледан во Македонија е завршена, следи високо софистициран технолошки процес со кој ќе се произведе екстракт од канабисот и наскоро се очекува производот да биде достапен на локалниот пазар. Процесот на одгледување на растението Сатива со цел производство на лековито масло е исклучително сложен, којшто бара целосно внимание и исполнување на строго дефинирани услови и амбиент.

Од компанијата NYSK холдинг информираат дека согласно првичната проценка станува збор за одличен род што ќе даде квалитетен производ, со висок процент на канабиноиди.

Целиот процес од засадувањето на растението, созревањето и берењето е следен и внимателно набљудуван од нашиот тим составен од експерти во секторот. Нивното знаење и искуство во процесот на преработка ќе биде посебно искористено во следната фаза, каде се прави екстракцијата на маслото од канабис и негово прилагодување за посакувањата намена. Соодветно на постојната законска легислатива за користење на масло од канабис во медицински цели,  NYSK холдинг  произведува повеќе вида масла при што соодносот на концентрацијата на ТХЦ и на ЦБД (канабидиол) ќе биде различна соодветно на болеста за која е наменето“, изјавија од компанијата.

Маслото од канабис од NYSK коешто наскоро ќе се најде во аптеките на домашниот пазар, ќе има висока концентрација на супстанцијата ТХЦ (тетрахидроканабинола) која се наоѓа во канабисот и која има големо влијание во лечењето тешки болести. За високиот квалитет на производите се грижи тим од искусни специјалисти за екстракција и врвна технологија што е имплементирана во компанијата NYSK.

Во Македонија, во моментов е дозволена употреба на масло од канабис во медицински цели за лечење на четири болести – рак, ХИВ, мултиплекс склероза и епилепсија.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!