TeamWin студентски натпревар се одржа на Машинскиот факултет во Скопје

- Advertisement -

На 27.10.2017 година со почеток во 12 часот се одржа првиот студентски натпревар на Машинскиот факултет – Скопје, кој е во соработка со компанијата Раде Кончар – ТЕП. Натпреварот е насловен TeamWin со цел да се истакне начинот на работа во тимови. Целта на натпреварот беше да им се даде на студентите реален проблем, односно барање на инженерско решение од праксата, на кој тие работејќи еден месец во тимови, ќе предложат решение.

Во финалето на самиот почеток се обратија Деканот на Машинскиот факултет – Скопје проф. д-р Дарко Данев и генералниот менаџер на Раде Кончар – ТЕП кој го спонзорираше настанот. Дванаесет (12) тимови ги презентираа своите предлог решенија на темата Дизајн на печка на пелети, а дел и на слободната тема која им беше дадена како незадолжителна.

- Advertisement -

Натпреварот заврши со прогласување на победниците, прво, второ и трето место за двете теми и потоа коктел забава до DJ во холот на факултетот. Победници на темата Дизајн на печка на пелети се тимовите:

- Advertisement -

I место – GSW

II место – В8

- Advertisement -

III место – Urbandesign

Додека тимови кои добија награди на слободната тема се:

I место – В8 на тема: Резервоар за складирање и пренос на пелети

II место – Solid на тема: Lunchbox

III место – Urbandesign на тема: Калапи за леани делови од печката на пелети.

Сподели!
- Advertisement -