-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Ова е првиот имот во Хрватска кој може да се купи со биткоин

Kabtel desktop

Огласот за продажба на куќа во населбата Хрушевец Пушчански во Загреб објавен на Njuškalо пред еден месец вчера го привлече вниманието на јавноста кога се дозна дека станува збор за првиот имот во Хрватска кој може да се купи со дигиталната валута биткоин. Имено, куќата од 275 квадратни метри станбен простор и повеќе од 750 квадратни метри дворско место се нуди во замена за 88.000 евра или 10 биткоин.

Сопствениците, кои сакаат да останат анонимни, велат дека при правењето на огласот помислиле дека можат да ја вклучат и таа нова се пораспространета валута затоа што сметаат дека и банките се повеќе го прифаќаат биткоин како вообичаено средство за плаќање. „Не сакавме да ја исклучиме можноста и задоволни сме од интересот на потенцијалните купувачи. Не стравуваме од никакви малверзации затоа што да имаше нешто негативно да се покаќе на виделина досега, ќе се покажеше“ коментираат сопствениците за Poslovni dnevnik.

 


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!