-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

Годинава 47% од светската популација била онлајн

Kabtel desktop

Најновото истражување кое го спроведе агенцијата eMarketer покажува дека во 2017 година дури 47% од светската популација била онлајн без разлика дали се работи за пристап преку десктоп компјутер, таблет или паметен телефон. Во наредниве две години се очекува овој раст на бројот на интернет корисници да продолжи и да достигне до 50% или скоро 3,9 милијарда луѓе.

Покрај ова, од агенцијата го истражиле и бројот на мобилни корисници на интернет, број кој оваа година треба да достигне околу 2,73 милијарда од кои 87,4% користат паменет телефон за оваа намена. Што се однесува до користењето на паметните телефони, до крајот на годинава се очекува дека 32,3% или една третина од светската популација, ќе користи паметен телефон.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!