„CANNASOAP“ на македонски „Федор“ е еден од ретките природни сапуни во светот со екстракт од канабис

- Advertisement -

Компанијата неодамна лансираше ретро сетови за бричење со органскиот сапун „Sens Vintage“ и рачно изработени сечило од јапонски VG-10 челик, четка со silver badger крзно и рачка од махагони и кожен каиш

Од бабина рецепта, зачувана во семејното наследство до иновативно производство и успешен бизнис. „Федор“ сапуните се приказна која инспирира и докажува дека минатото и модерното, убавото, но и здравото се комбинација за успех. „Се надеваме дека ќе уживате во користењето на нашите сапуни, исто колку што ние сме вложиле љубов во нивната подготовка“, е мотото на оваа компанија која веќе три години е присутна кај нас и на уште неколку пазари во светот. Произведени со најприродни состојки, органските сапуни на „Федор“ ја негуваат кожата, го чуваат здравјето, но и животната околина. Уникатното пакување и специфичниот облик се уште еден препознатлив белег на „Федор“, нешто што го привлекува окото и што открива дека сапунот е направен рачно а во него е вложена голема љубов. Сопственикот на компанијата, Сашо Стаменковиќ, за „Иновативност“ ги открива идните планови, кои на нашиот пазар носат уште нови производи од нивната линија.

  • Г-дин Стаменковиќ, ФЕДОР сапуните веќе неколку години се присутни на македонскиот и странските пазари, а неодамна го проширивте и асортиманот. Кажете ни што им нудите на потрошувачите во моментов?

Сакам да ја искористам накратко оваа прилика да им се заблагодарам на сите потрошувачи кои ги користат ФЕДОР продуктите. Нивното задоволство е нашиот најголем мотиватор, а со купување на нашите продукти ние добиваме можност да се развиваме во правилна насока и да понудиме нови и атрактивни продукти за нега на кожата. Продолжуваме со традицијата сите продукти да се базираат исклучително на органски и ладно цедени нерафинирани масла и билки, познати по бенефитите за нашата кожа. Покрај маслиновото, палминото и кокосовото, во новите продукти интегрираме и масла од јојоба, авокадо, шеа путер, какао путер и други.

- Advertisement -

Покрај иницијалните „Yellow“ и „Black Edition“ сапуни, од оваа година почнавме и со производство на „Baby Edition“ – сапун за бебиња и за осетлива кожа кај возрасни, кој содржи органско козјо млеко, шеа путер, органско масло од јојоба и авокадо и ситно сецкани цветови од  камилица. Овој сапун доаѓа во зголемено 95 грамско пакување, со подобро прилагоден анатомски облик. Планираме, на почетокот на идната година „Yellow“ и „Black Edition“ да се произведуваат исто така во пакување од 95 грама и со нови облик. Нов продукт е и „CANNASOAP“, сапунот со екстракт од медицински канабис. Основните носители се органското козјо млеко, органските масла како маслиновото, кокосовото, палминото и шеа путер и ситно сецкана коприва.

Меѓу најновите производи ни е сапунот за бричење „Sens Vintage“, на кој сме особено горди, бидејќи е направен 100% од органски и ладно цедени масла и е одличен за кожата. Обично, мајсторите на рачно изработени сапуни во светот, сапуните за бричење ги произведуваат со додавање на вештачки добиена стеаринска киселина, која служи за добивање на конзистентна пена за бричење. Но, со тој процес, скратувате од природните масла и не добивате 100% природен продукт, што, пак, нам секогаш ни е императив. Ние успеавме да ја добиеме конзистентоста на пената со добар однос на органски масла, а притоа да корисникот биде сигурен дека секоја апликација на неговата кожа е состав од природни масла, без адитиви. Пената можете да ја оставите подолго време на својата кожа, нема да ви предизвика никакви реакции или штипење и дава убаво чувство при бричење. Сапунот доаѓа во 150 грамско алуминиумско пакување, кое е доволно за минимум од 200 до 250 бричења.

- Advertisement -

  • Неодамна ги лансиравте и луксузните, рачно изработени „ретро“ сетови за бричење, во кои неизоставен дел е иSens Vintage сапунот. Од каде идејата токму за ваков производ?

Сакавме на сапунот за бричење да му дадеме еден, ретро изглед во комплет со четка и брич, кои ќе направат една целина на она што го имаме вложено како труд и знаење при изработката на самиот сапун. Сметавме дека на пазарот во Македонија нема понуда на слични сетови и сите оние кои сакаат да купат посебен подарок за некого или сет за себе, тоа мора да го направат со нарачка од странство. Сакавме да направиме сет кој со својот квалитет и изглед ќе биде рамо до рамо со светските брендови и ќе се извезува од Македонија.

- Advertisement -

Во сетовите има сечила од јапонски VG-10 челик, четка со најубаватo silver badger крзно, со рачки од махагони и кожен каиш. Се е рачно изработено и острено, со што сакаме да ја продолжиме нашата приказна за рачна изработка.

  • Ќе ги изненадите ли потрошувачите и со некоја нова линија производи?

Секако. Нашето поле на истражување и експериментирање е буквално бесконечно. Мешањето на маслата, нивните спецификации, ефектите кои ги даваат различните соодноси додека изработувате, е нешто што може да се спореди веројатно со интензитетот на радоста на детето додека се игра со некоја омилена играчка. Толку многу се мотивираме од можноста на креирање на природен продукт кој знаете дека некому ќе направи полезност на неговата кожа, да единствено повеќе од тоа ни значи само кога ќе добиеме убав коментар и препорака. Имаме во план да навлеземе во делот на балзами за лице, тело и усни, природни стикови, регенератори за коса, отсранувачи на шминка, пасти за заби, шампони и други продукти 100% базирани на природни состојки. Имаме и посебни изненадувања, но во моментов ги испитуваме ефектите. Секако, за секој продукт да го помине патот од идејата до полица, барамногу време и тестирање прво во кругот на нашето семејство, а потоа и во Институтот за лавно здравје.

  • CANNASOAP  сапунот е меѓу најспецифичните ваши продукти, направен со екстракт од органски канабис. Предизвикува ли интерес кај купувачите?

Да, аналогно на трендот на легализацијата на канабисот во целиот свет, така и кај нас, сапунот предизвикува интерес. Основата е органски и ладно цедени масла и органско козјо млеко, но, во последната фаза на изработка додаваме екстракт од канабис богат со ЦБД, кој не содржи ТХЦ, поточно содржи помалку од 0.2% што е во согласност со регулативата на Европската Унија. Ова е инаку еден од ретките природни сапуни во светот со екстракт од канабис, кој е рачно произведен и комерцијализиран за малопродажба.

  • Користите само природни состојки, козјо млеко и органски масла. Каде ги набавувате суровините?

Повеќето масла, билки и млеко го купуваме од локални фирми и фарми, нешто увезуваме и секако, внимаваме да сите масла го имаат проверено своето потекло и да бидат ладно цедени или органски.

  • Каде се може да се најдат вашите производи, освен преку онлајн нарачки, дали влеговте и во малопродажба?

Да, сите продукти, освен онлајн, веќе може да се купат во повеќе продавници во Македонија, како што се „Космо“, аптека „Мери-фарм“ во Охрид,  „Биокосмос“ во  Прилеп, Скопје и Битола, „Биопарк“ во Битола и други. На нашата страница www.fedorsoaps.com постои локатор на продавници преку кој секој заинтересиран купувач може да ја лоцира најблиската продавница или може директно да не контактира, доколку во неговото место нема продавница со ФЕДОР продукти.

  • Од самиот старт на производството сте присутни и на домашниот пазар, но и извезувате. Имате ли планови за зголемување на произведените количини?

Во изминатиот период имавме можност да направиме неколку извози во Норвешка, Кина и Канада.  Очекуваме развој на пазарите и во иднина, што може да бара и зголемување на производството. Секако, секогаш на прво место ќе ни биде квалитетот на производството, па потоа количините, бидејќи работиме со мотото дека квалитетот ќе го најде својот пат, секогаш.

 

Сподели!
- Advertisement -