-0.5 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Ова се топ 13 земји со најдолг животен век на луѓето

Kabtel desktop

Светскиот економски форум објави податоци за земјите со најдолг и најкраток животен век во светот. Меѓу топ 10 има само европски и азиски земји, додека последните 10 од вкупно анализирани 137 земји се сите од Африка.

Обединетото Кралство, на пример, го дели 20-тото место со Грција со просечен животен век од 81,6 години. САД се подолу на листата на 37-мо место со просечен животен век од 78,7 години. На самото дно на листата е Свазиленд со просечен животен век од само 48,9 години.

Од останатите земји од соседството најдобро е рангирана Албанија на 38-мо место со просечен животен век од 78 години. Потоа следуваат Хрватска на 43-то место со 77,3 години, БиХ на 49-то место со 76,6 години, Црна Гора на 50-то место со 76,3 години, Србија на 58-мо со 75,5 години и Бугарија на 74-то со 74,5 години. Македонија не е рангирана на листата.

Топ 13 земји со најдолг просечен животен век на луѓето се:

13. Канада, Норвешка и Израел – 82,1 години

12. Јужна Кореја – 82,2 години

11. Луксембург – 82,2 години

10. Австралија — 82,5 години

9. Шведска – 82,6 години

8. Сингапур – 82,6 години

7. Франција – 82,7 години

6. Исланд – 82,9 години

5. Швајцарија – 83,2 години

4. Шпанија – 83,4 години

3. Италија – 83,5 години

2. Јапонија – 83,8 години

1. Хонгконг – 84,3 години

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •