12.9 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Што прави светот? Белград доби кафуле во кое плаќате за времето поминато таму, а не...

Белград доби кафуле во кое плаќате за времето поминато таму, а не за пијалаците

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Во Белград штотуку се отвори првото самопослужувачко кафуле,,Share Square, со цел на жителите на градот да им се понуди простор каде што ќе можат едноставно да се дружат, да работат, да поминуваат време заедно, да споделуваат знаење, вештини и идеи. Ова е првото кафуле во Србија кое функционира по принципот користење по час. Тоа значи дека гостите во необичното кафуле при излегување од локалот не мора да бараат сметка за кафе, чај или сок туку едноставно плаќаат за толку часа колку што поминале таму.

Ова е единственото кафуле во Србија кое за една иста цена нуди неограничени количини кафе и безалкохолни пијалаци, апетисани, оптички Интернет и тоа во простор од 600 квадратни метри, кои може да се користат како отворен простор за работа, состаноци или за поминување време со пријатели.

Share Square е уникатен поради фактот дека секој може да се пријави да држи или да слуша часови. Концептот настанал по угледот на онлајн социјалните платформи како YouTube и Udemy, кои на аматери и на хобисти им нудат шанса да го споделат своето знаење и вештини и од нив да заработуваат.

Како што пишува Bizlife, Share Square на своите корисници им нуди четири специјализирани училници за држење часови, вклучувајчи и голема и модерно опремена кујна, соба за ИТ, простор за професионални шминкање и соба за музика. Има и мутлифункционална просторија која може да се користи за сите други области – од учење јазици до правење оригами.

Во еден свет оринетиран на Интернет и социјални мрежи ваквото место е вистинско освежување затоа што посетителите ќе можат да се запознаат и да комуницираат со луѓе со слични интереси, и тоа во живо, во реално време и простор. Заинтересираните можат да се регистрираат на сајтот www.sharesqua.rs и брзо и едноставно да ја дополнат сметката, да ги прегледаат достапните часови, да се пријават на нив, да ги оценат инструкторите или да се пријават и само да бидат инструктори.

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •