6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Од Нова година ќе возиме на дизел поскап за 3,5 денари

Kabtel desktop

По последното зголемување на цената на дизелот од 25. декември, од 1. јануари таа ќе се зголеми за нови 3,5 денари, поради воведувањето на повисоката акциза за овој вид дериват. Со тоа, новата цена на Еуродизелот на 1. јануари треба да изнесува 58,5 денари за литар.

Дизелот ќе има нова цена и една недела потоа, по Божиќните празници, кога Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе нова редовна одлука за определување на највисоките цени на нафтените деривати.

„Препораките од ЕУ се дека овие акцизи треба да бидат 0,33 евроцентри, а кај нас изнесуваше 0,20 евроценти. Со зголемувањето ќе биде 0,26 евроценти.“, посочуваа од Владата при најавата за зголемувањето на акцизата на дизелот.

Оценуваа и дека со ова зголемување на цената на еден литар нафта, ќе остане најниска во регионот.

Причина за зголемување на акцизата, како што наведуваа од Владата е согласно препораките на ЕУ, да се дестимулира употребата на дизел горивата за да се намали загадувањето на животната средина.

Приходите што се планирани во Буџетот за 2018. година од зголемувањето на акцизата за три денари изнесуваат 1,6 милијарди денари и од ДДВ од продажба на дизелот за околу 350 милиони денари. Ова за годинава се единствените даночни промени. Во 2019 година треба да следат промените за прогресивно оданочување на персоналниот данок.

Парите од акцизата треба да се трошат  за капитални проекти во образовнието, за детските градинки, библиотеки, рамномерен регионален развој, капитални инвестиции во општините, здравство и други сфери, а со цел да не се зголеми дополнително јавниот долг.

(МИА)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •