-2.2 C
Skopje
четврток, јануари 27, 2022

18 лоши навики од кои треба да се откажете за да бидете поуспешни во 2018 година (1 дел)

Kabtel desktop

Продуктивноста значи да се работи паметно, а не понапорно и секој ден да се извлече максимумот. Иако не е лесно да се постигне тоа, многу е полесно да завршите повеќе работи за пократко време доколку не се саботирате самите себе со своите лоши навики. Во продолжение е листа со 18 лоши навики кои Business Insider препорачува да ги откажете во новата година доколку сакате да бидете попродуктивни и поуспешни.

Одложување на алармот

Можеби ви се чини дека со одложувањето на алармот добивате малку повеќе одмор, но вистината е дека тоа повеќе ви штети отколку што ви годи. Тоа е така затоа што кога ќе се разбудите ендокриниот систем почнува да испушта хормони на будност за да ве подготви за денот. Доколку се вратите да спиете, го забавувате тој процес. Освен тоа, тие пет минути плус на вашето телот нема да му помогнат да се одмори.

Давате приоритет на работата наместо на одморот

Добриот сон во текот на ноќта има способност да ви ја зголеми продуктивноста и среќата, да ви помогне да носите попаметни одлуки и да имате подобри идеи. Едно истражување покажува директна корелација меѓу недоволното спиење и неефикасноста на работа. Делот од мозокот одговорен за решавање проблеми деградира доколку не спиеме доволно. Работењето 24/7, е когнитивен еквивалент на доаѓањето на работа во пијана состојба. За да спиете доволно треба да научите добро да планирате

Го држите телефонот до перница

За да спиете добро треба да не дозволите некои работи однадвор да ви го пореметат сонот. ЛЕД екраните на паметните телефони, таблетите и лаптопите, на пример, емитуваат сина светлина, која го оштетува видов и го пореметува излачувањето на мелатонин, хормонот кој го регулира сонот. Според истражувачите, луѓето со ниско ниво на мелатонин се посклони на депресија.

Го прескокнувате појадокот

Нашиот мозок и нашето тело се поврзани на многу битни начини и потребно ни е гориво, а не само одмор. Појадокот е најбитниот оброк во денот. Додека се разбудите поминале 10-12 часа без да јадете. Првиот оброк во денот треба да го покрене метаболизмот и да го стабилизира нивото на шеќери во крвта за да можете да се фокусирате и да бидете продуктивни во текот на денот. Кога шеќерот е низок, многу потешко се фокусирате и се чувствувате уморни, нервозни и нетрпеливи. За убаво да го почнете денот треба да изберете добар баланс на јаглехидрати и протеини.

Ја одложувате најбитната работа за последен момент

Луѓето честопати најпрвин ги завршуваат полесните обврски, а најтешката работа ја оставаат за крај. Тоа е лоша идеја и многу често води до тоа да не се заврши најбитното за денот. Како што докажале и истражувачи, луѓето имаат ограничена количина волја која се намалува во текот на денот, па најдобро е да почнете со најтешкото.

Цел ден проверувате мејлови

Постојаниот пристап до Интернет ги тера луѓето цел ден да проверуваат пораки. За жал, секој пат кога ќе го правите тоа губите 25 минути кои треба да ги потрошите за работа. Освен тоа, постојаното проверување мејлови ве прави поглупави. Наместо да правите така, затворете ги табовите со мејлови и исклучете го телефонот за 30-минутни сесии работа.

Јадете брза храна за ручек

За да имате енергија во текот на целиот ден треба да јадете и балансиран ручек. Ручекот богат со масти о шеќери ќе ве направи поспани и нема да имате енергија веќе во 3 часот попладне. Битно е да внесувате многу протеини и здрави масти, а малку калории. За среќа, многу синџири за брза храна нудат здрави оброци кои нема да придонесат да заспиете на биро.

Недостиг на морал

Еден од проблемите кога се оформуваат нови навики, било да се тоа диети, вежбање или работа, е потребата да се мами после одреден период придржување до рутината. Идејата дека заслужуваме нездрав оброк после недела чисто јадење се нарекува самооправдување и е причина за пропаѓањето на многу планови. Наместо да правите така, фокусирајте се на целта и не работете против сопствената волја да направите нешто ново.

Не знаете да си поставите приоритети

Некои луѓе ислат дека доколку си зададат многу цели најбрзо ќе постигнат успех затоа што доколку една идеја не успее, имаат резерва. За жал, ваквиот начин на размислување е многу непродуктивен. Вотрен Бафет го има совршениот лек за тоа. Тој видел дека неговиот пилот не си ги остварувал животните замисли, па му рекол да направи листа со 25 работи кои сака да ги направи пред да умре. Потоа му рекол од сите нив да ги избере најбитните 5 и да ги игнорира сите останати.

 


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!