-1.6 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Германија ќе го казнува говорот на омраза на социјалните мрежи со 50 милиони евра

Kabtel desktop

Со почетокот на 2018 година во Германија стартуваше примената на законот кој бара отстранување на говорот на омраза, лажните вести и другите илегални содржини од социјалните мрежи. Законот се однесува на социјалните мрежи и медиумските портали со повеќе од 2 милиони корисници. Социјалните мрежи кои нема да го почитуваат законот и нема да ги отстранат незаконските објави можат да бидат казнети со дури 50 милиони евра.

Законот пропишува дека мрежите мора да реагираат во рок од 24 часа по предупредувањето за објавата на незаконски содржини или максимум седум дена во посложени случаи. Во главниот фокус се ставени Facebook, Twitter и YouTube, но веројатно ќе ги зафати и Reddit, Tumblr и руската социјална мрежа VK. Законот беше усвоен на крајот на јуни минатата година, а стапи на сила од почетокот на октомври, пренесува Al Jazeera.

Социјалните мрежи имаа рок до крајот на минатата година да се подготват за примената на законот. Строгата контрола на социјалните мрежи беше воведена по неколку големи случаи на ширење лажни вести и расистички материјали преку германските ограноци на популарните социјални мрежи. Facebook во Германија вработи стотина луѓе кои ќе прават извештаи за содржините кои не се во согласност со законот и подобро ќе ги следат објавите на корисниците. Овој германски закон е најекстремен пример за настојувањето на владите да го стават под контрола социјалните медиуми во поглед на говорот на омраза.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •