6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

Научници направија боја која се лади кога ја грее сонце

Kabtel desktop

SolCold е израелска компанија која работи на развој на лесно филтрирачк боја која ќе помогне за разладување на домовите. Бојата може да се стави и на опрема за патувања во вселената. SolCold има седиште во Херзлија, Израел и го разви новиот начин на ладење без трошење електрична енергија. Иновативната боја се става како слој на покривите на зградите или куќите, а се активира под дејство на сонцето. Според соосновачот Јарон Шенхав, слојот боја дејствува исто како да сте ставиле слој од мраз на покривот, информира Futurism.

Бојата функционира на принципите на ласерско разладување и нивна примена кај сончевиот спектар. Топлината од зградите се апсорбира и може да се емитува како светлина. Се додека сонцето ја грее бојата таа постојано ќе биде ладна. Бојата на SolCold се разликува од другите по тоа што активно разладува наместо само да спречува загревање, како што е случајот со белата боја која Лос Анџелес ја намачка на улиците за да спречи загревање.

Досегашните симулации покажуваат дека бојата успева да разладува до 10°C пониска температура во споредба со зградите кои немаат таков слој на покривот. Бенефитите од разладувањето на домовите на овој начин ќе бидат не само заштеда на енергија бидејќи нема да се користат клима уреди, туку и намалена емисија на штетни гасови. Бојата може да се користи и на опрема за вселенски истражувања, каде што е тешко саморазладувањето поради недостигот на кислород.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •