6.7 C
Skopje
недела, декември 8, 2019

12 точки кои треба да ги исполните кога започнувате бизнис (1)

Kabtel desktop

Кога започнувате бизнис, првите 90 дена од постоењето на компанијата се клучни. Факторот кој одлучува дали бизнисот ќе биде успешен е брзината со која го лансирате истиот. Во првите месеци најдобро е да се фокусирате на неколку важни работи и да ги имплементирате бргу. Во овој период треба да бидете сигурни во едно нешто, а тоа се вашите силни страни бидејќи останатите елементи не зависат само од вас туку и од пазарот.

Доколку оваа година конечно одлучите идејата која ја имате подолго време да ја преточите во бизнис, исполнете ги овие дванаесет точки за да поставите силна основа на бизнисот во првите 90 дена.

1. Чекорете во чевлите на клиентот

Вашата прва должност е да го познавате клиентот. Не само кој е, туку и што посакува, што му треба и како се чувствува. Ова значи дека треба да го внесете животот на клиентот во вашата работа. Воспоставувајќи комуникација со вашата таргет група ќе добиете повратна информација која ќе ви помогне подобро да го развиете вашиот производ, но и ќе изградите доверба кај клиентот.

Дури и откако ќе разговарате со луѓе од вашата таргет група, продолжете да го следите нивното однесување дури и ако сметате дека знаете како да го решите проблемот. Настапувајте со отворен ум и имајте слух за потребите на клиентите.

2. Водете со вашата конкурентска предност

Според Аријана Хафингтон, основач на HuffPost и извршен директор на Thrive Global, главното прашање од кое треба да тргнете е кој е проблем што го решавате и што носите на пазарот што веќе го нема? Она што Аријана целеше да направи е да креира платформа на која и луѓето за чии приказни не слушаме секојдневно, ќе ги споделуваат своите ставови и случувања. Платформата уште на почетокот се постави како нешто што не постои во светот на медиумите.

3. Подредете ги своите ментори

Новите основачи на бизниси бараат сериозна повратна ситуација за своите производи и услуги. Но она што е клучно е да се згради врска со други претприемачи кои се ветерани. Иако е премногу рано да формирате одбор на советници, имајте неколку луѓе од кои ќе можете да побарате совет во секое време.

Во првите денови кога се впуштате во водите на претприемништвото, потребни ви се насоки и совети, односно ќе ви треба барем некој кој ќе ви даде мислење за бизнис планот. Исто така, доколку одберете ментор, тој ќе ве поттикнува да размислувате повеќе на долгорочниот план отколку на секојдневните активности.

4. Одете каде што ве движат можностите

Ричард Бренсон, претприемач и автор на книгата Finding my virginity започнал со тоа што го основал списанието Student magazine, за подоцна да му текне дека истото може да го искористи како платформа за продавање музика. Тој немал напишано бизнис план, но знаел да ја препознае можноста.

Целиот Virgin бренд израснал на темелите кои Бренсон ги поставил уште во 1970-тите години. Бидете подготвени да ризикувате кога ќе ви пружи шанса, бидејќи често пати успехот доаѓа поради дејства кои сте решиле да ги преземете и покрај тоа што не сте ги зацртале во планот.

5. Тестирајте ги вашите претпоставки

Нормално е кога започнува бизнис да барате статистика за пазарот, цените и конкурентите. Но на почетокот многу поважни се мислењата за вашата бизнис понуда што значи дека треба да се фокусирате на добивање повеќе информации за вашата идеја наместо за индустријата.

Без разлика колку ви е револуционерна идејата, преседани секогаш постојат. Истражете за слични производи и услуги во историјата, па откако ќе ја процените вредноста на информациите, ќе имате појасна претстава за вашата идеја. Она што најмногу ќе ви помогне е да откриете други компании кои се обиделе да посигнат нешто слично и кои успеале, како и оние кои не успеале.

6. Бидете креативни при промоцијата 

Една од клучните работи кога се започнува бизнис е да смислите како ќе ѝ пријдете на вашата таргет група. Овде можете да примените неколку маркетинг активности како нудење бесплатни ваучери. Иако можеби сите луѓе кои ќе добијат ваучер нема да ја сфатат суштината, вие веќе сте креирале амбасадори кои ве промовираат.

 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •