Три причини поради кои не се чувствувате исполнето од кариерата

- Advertisement -

Постојат многу нешта кои ве спречуваат да се чувствувате задоволно и исполнето од вашата кариера. Основачката и извршна директорка на Work It Daily, Џеј Ти О’Донел објаснува дека ова незадоволство може да се сведе на три нешта

Првото нешто кое ве прави да се чувствувате непријатно е кога луѓето постојано ве прашуваат „Со што се занимавате?“ и чувствувате потреба да одговорите на начин со кој ќе стекнете почит кај соговорникот за она што го работите. Многу од луѓето кога ќе го добијат ова прашање, се обидуваат да импресионираат со својот одговор, додека пак во реалноста, единствената личност која треба да ја импресионираме, сме самите ние.

Втората причина е фокусираноста на надворешни мотивации како платата, придонесите и бонусот. Во суштина, ова не се факторите кои ве прават среќни. Она кон што треба да се стремиме е пронаоѓање на внатрешната мотивација која е многу поважна и попродуктивна.

- Advertisement -

На крајот, стравот од излегувањето од зоната на комфорот. Но кога станува збор за професија, за работа, нормално е понекогаш да се соочуваме со потешкотии бидејќи сепак е работа. Не можеме да очекуваме дека ќе растеме и ќе се развиваме како личности доколку не се соочуваме со непријатни ситуации. Мора да бидеме подготвени да се предизвикаме самите себе.

Започнете да размислувате за овие три нешта и како да ги промените и ќе најдете многу поголемо задоволство во она што го работите.

Сподели!
- Advertisement -