6.5 C
Skopje
четврток, декември 12, 2019

До 2025 Пежо ќе има електрична верзија од секој модел на автомобили

Kabtel desktop

Peugeot се подготвува за електричната иднина. Од компанијата убедени дека до 2025 година, од секој модел од својата понуда ќе имаат електрична верзија, а до 2030 година пак, 10% од произведените автомобили ќе им бидат целосно автономни

Електричните автомобили се најпопуларна тема во автомобилската индустрија, па дури и Ferrari објави дека работат на суперавтомобил на струја. До сега, автомобилските компании ширум светот најавија инвестиции од вкупно 90 милијарда долари во електрични автомобили и инфраструктура, па на време се прилагодуваат на промените.

Како што пишува Reuters, извршниот директор на Peugeot, Карлос Таварес, на автомобилскиот конгрес во Детроит најави планови за иднина според кои до 2025 година сите автомобили на компанијата ќе имаат електрична, односно хибридна верзија. Тој исто така најави дека компанијата се враќа на американскиот пазар, а најави и инвестиции во автономни возила. До 2030 година, околу 80% од нивните возила би требало да имаат некаква опција за автономно возење, а 10% би биле целосно автономни.

Со оглед на тоа каква е состојбната во автомобилската индустрија, електрификацијата на возилата и свртувањето кон автономните технологии е логичен чекор кои сите компании ќе мораат да го преземат за да опстанат на пазарот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •