-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Facebook ќе отвори три центри во Европа за дигитално описменување

Kabtel desktop

Фејсбук најави дека во Европа ќе отвори три нови центри за дигитално описменување на граѓаните. Центрите ќе бидат отворени во Шпанија, Полска и Италија

 Од Фејсбук најавуваат и 10 милиони евра инвестиција во Франција преку тамошниот центар за истражување вештачка интелигенција. Фејсбук веќе отвори слични центри во Нигерија и Бразил. Овој потег наиде на незадоволство во ЕУ, поради настојување технолошките гиганти да ги намалат своите даночни обврски.

„Луѓето се плашат дека дигиталната револуција ќе ги прегази, па затоа сакаме да вложиме во дигитално описменување за да им овозможиме стекнување дигитални вештини потребни за учество во дигиталната економија“, изјави директорката на компанијата, Шерил Сандберг.

Центрите ќе нудат курсеви за дигитално и медиумско описменување и безбедност на Интернет групите со ограничен пристап до технологијата, вклучувајќи ја повозрасната популација, младите и бегалци.

Фејсбук планира до 2020 година да обучи еден милион граѓани и сопственици на компании, преку класични курсеви за 100.000 мали и средни претпријатија, како и интернет курсеви за 250 илјади компании.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!