7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Отворени апликациите за четврттиот по ред Code App, Level Up семинар за програмирање

Kabtel desktop

Студентската организација EESTEC LC Skopje во соработка со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство – Скопје го организира четврттото издание на настанот “Code App, Level Up”

Code Аpp, Level Up 4 е настан кој следи по три претходно успешно реализирани настани од овој вид и претставува интернационален едукативен семинар за студенти. На ова издание на CALU ќе биде обработена тематиката „Општествено одговорни веб страни“, каде студентите преку академски предавања и работилници ќе имаат можност стекнатите знаења да ги искористат при реализација на сопствените веб страни.

Преку овој настан студентите би добиле квалитетна обука во следните области:

– Дизајн на веб платформа (Front-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за дизајн на веб страни, како што се: Bootstrap, Angular 2 и JavaScript.

– Развој на веб платформа (Back-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за развој на веб страни, како што е: ASP .Net и Јava Spring.

Со учество на настанот студентите би имале можност да развијат сопствена веб страна која преку своите функционалности би помогнале на општеството, како и каузите за кои ќе бидат наменети како: вдомување на миленик, помош на социјално ранливи категории на лица, помош на лица со посебни потреби, донирање на средства за болни лица, донирање на средства за лица кои доживеале катастрофа од временски непогоди, заштита на околината во која живееме, прочистување на воздухот и подигање на свеста на загадувачите, глобално затоплување и слично. Воедно семинарот е поддржан од апликацијата Мој Воздух.

Настанот има за цел да ги поттикне учесниците активно да продолжат со создавање на висококвалитетни веб апликации во понатамошниот професионален живот, како и можност на истите да им го дадат потребниот визуелен изглед. “Code App, Level Up 4” е работилница од интернационален карактер во којашто голем број учесници од Македонија ќе имаат можност да остварат соработка со студенти од цела Европа и да разменат знаење и идеи.

Настанот ќе се одржува од 26-ти февруари до 3-ти март 2018 година. На семинарот ќе земат учество 10 странски студенти од држави ширум Европа и 20 студенти од Техничкиот Кампус при УКИМ.

Апликациите за учество на настанот се бесплатни и се отворени до 12.02.2018. Доколку сте заинтересирани можете да се пријавите на следниот линк.

Доколку сакате да знаете повеќе за настанот, посетете ја официјалната веб страна на Code App, Level Up.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!