Brainster организира курс за биткоин и криптовалути

- Advertisement -

Ова не е курс за тоа како да купиш, продадеш и постигнеш брза заработка со Bitcoin, Ethereum или некоја друга криптовалута. Ова е курс за нешто многу повеќе од тоа.

Овој курс ќе ти помогне од почеток до крај да разбереш една нова технологија. Технологија која го менува светот и начинот на кој работиме со парите, финансиите, меѓусебните договори… Со сѐ што е вредно. Курсот ќе го води инструкторот Мартин Михајловдоктор по информатички науки, кој работи на Економскиот факултет во Скопје веќе 12 години.

- Advertisement -

За кого е наменет овој курс:

• За оние кои се љубопитни да научат нешто повеќе за оваа технологија.

- Advertisement -

• За оние кои сакаат да научат вештина апликабилна на секојдневното раководење со бизнис.

• За оние кои работат со криптовалутите и сакаат да добијат подлабоко разбирање.

- Advertisement -

• Ако сѐ што е ново во tech светот те влече како магнетизам, овој курс е за тебе.

За да дознаеш зошто криптовалутите се толку посебни мора да разбереш како функционираат и од технички и од економски аспект.

Мора да се запознаеш со суштинските прашања:

• Што се криптовалути?

• Какви различни типови на криптовалути постојат?

• Како функционираат криптовалутите?

• Зошто Bitcoin е толку посебен?

• Како се определува вредноста на криптовалутите?

• Што лежи во иднината?

По завршувањето на овој курс ќе знаеш сѐ што е потребно за да можеш да правиш разлика помеѓу фактите и илузијата кога слушаш или читаш за криптовалутите. А можеби ќе добиеш и генијална идеја за сопствен крипто-проект.

Програма по денови

Ден 1 – Криптична економија

Ден 2 – Blockchain

Ден 3 – Рударење (Mining)

Ден 4 – Ethereum и останати криптовалути

Ден 5 – Вредноста на криптовалутите

Ден 6 – Инвестирање (ICO) и криптоберзи

Ден 7 – Регулација и иднина

За повеќе информации за курсот и како да се пријавите, посетете го следниов линк.

(Brainster)

Сподели!
- Advertisement -