Microsoft ќе инвестира 500 милиони долари во стартапи од целиот свет

- Advertisement -

Microsoft ја претстави програмата Microsoft for Startups, иницијатива која на стартап компаниите ќе им помогне да придобијат нови корисници и приходи. Во текот на две години Microsoft ќе инвестира 500 милиони долари за на стартап компаниите да им понуди можност за заедничка продажба со Microsoft, како и пристап до технологиите на Microsoft и општествените заедници кои ја поттикнуваат соработката во рамките на екосистемите.

Стартапите се генератор на иновации, а за да им овозможи брз раст Microsoft ќе стане партнер со основачи на компании и инвеститори од целиот свет. Како што велат од Microsoft, новата програма е осмислена за на стартпите да им помогне да остварат подобра продажба кај нови купувачи, индустрии и пазари преку поврзување на компаните и клиентите. Имено, Microsoft има повеќе од 30.000 продажни претставници и 800.000 партнери, чија цел е да ги убедат компаниите од сите индустрии и големини да ги усвојат решенијата во облак на Microsoft.

- Advertisement -

Порграмата обезбедува ресурси кои на маркетинг и продажните тимови на стартапите ќе им овозможат да ги задоволат стандардите на клиентите, а потоа и на истите тие компании во партнерство со огромниот продажен оддел на Microsoft да им ги продадат своите производи.

Освен тоа, Microsoft for Startups ќе овозможи брзи иновации.Програмата на стартапите им обезбедува до 120.000 долари кредит, поддршка на корпоративно ниво и развојни алатки кои ќе им помогнат во развојот на иновативни решенија во облак.

- Advertisement -

„Стартапите не поттикнуваат да ја надминеме границата на возможното и да осмислиме производи кои ќе го подобрат приватниот и професионалниот живот на луѓето. Идејата на Microsoft за поврзување на стартапите е возбудлива затоа што со неа може да се зајакне секоја личност или организација во светот“ порачуваат од Мicrosoft. Повеќе информации за програмата и начинот на аплицирање можете да најдете на страницата startups.microsoft.com.

Сподели!
- Advertisement -