1.6 C
Skopje
понеделник, јануари 20, 2020

Вип со нова припејд промоција – двојно повеќе интернет за иста цена

Kabtel desktop

Вип воведува нова промоција со која на своите припејд корисници во мобилната телефонија им овозможува користење на двојно повеќе интернет. Корисниците можат да изберат еден од двата неделни интернет пакети и секогаш да бидат онлајн со своите пријатели и незаборавно да се забавуваат.

Во зависност од комуникациските потреби, корисниците можат да изберат неделен пакет со 2GB интернет за само 99 денари или да го изберат неделниот пакет со 400МБ за само 49 денари.

За корисниците кои сакаат да сурфаат и да користат бесплатни разговори треба да изберат еден од неделните пакети за разговори, СМС и вклучен двојно повеќе интернет. Со неделниот пакет за разговори, СМС и двојно повеќе интернет за само 99 денари корисниците добиваат можност за неограничени разговори кон Вип и промотивно 400MB интернет. Со активирање на неделниот пакет за 149 денари корисниците добиваат неограничени разговори и СМС кон сите мрежи и промотивно 1GB интернет.

Повеќе информации за оваа најнова промоција можете да добиете со јавување во контакт центрите на Вип на 1234 и на www.vip.mk

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •