ЕЛИКО Олива Гарден, првото маслиново масло произведено во Македонија

- Advertisement -

 

ЕЛИКО Олива Гарден e екстра девствено маслиново масло кое од минатата пролет се произведува во Валандово. Станува збор за прво маслиново маслово кое се произведува во земјава од маслинки увезени од Грција. Ова е приказната за овој нов македонски производ

(Пишува-Верица Јорданова)

- Advertisement -

ЕЛИКО Олива Гарден e екстра девствено маслиново масло кое од минатата пролет се произведува во Валандово. Станува збор за прво маслиново маслово кое се произведува во земјава од маслинки увезени од Грција. Позади овој интересен проект стои бизнисменот Раде Петровски, чија примарна дејност е градежништво.

Како претприемач кој што долго време е во приватниот бизнис, идејата да се произведува маслиново масло дошла едноставно од желбата да се произведува нешто, а тоа да биде нов производ на пазарот.  Одлуката паднала на маслиново масло, производ кој што во последно време е доста баран на светскиот, а и на македонскиот пазар.

- Advertisement -

“Суровината, односно маслинките ги набавуваме од Грција. Имаме технологија за производство на екстра девствено маслиново масло, која заедно со знаењето за нејзина примена ги добивме од колеги од Грција со кои соработуваме . Производствениот погон е лоциран во Валандово, на сончевиот југ од земјава“, објаснува Петровски за Иновативност.

- Advertisement -

Производството на ЕЛИКО Олива Гарден започна пролетта минатата година. Не станува збор за огромни количини, вели Петровски и додава:  Сакавме за почеток со првите пробни количини да го опипаме пулсот на пазарот пред да направиме поголема инвестиција во технологија и капацитет.

Ова маслиново масло засега се пласира на домашниот пазар. Mоже да се најде во малопродажба претежно во Скопје, но наскоро ќе се пласира и во поголемите трговски синџири. Интерес за овој проиизвод пројави еден синџир на ресторани од Лондон.

На македонскиот пазар расте побарувачката на маслиново масло. Тоа за овој нов македонски бренд е голема шанса која треба да ја искорости паралелно со поголем пробив во ланците на супермаркети во земјава.

“Македонскиот потрошувач цени квалитет. Веруваме дека побарувачката ќе расте паралелно со растечкиот тренд на здрава исхрана во земјава”, проценуваат од ЕЛИКО  Гарден Олива.

Предизвик за ЕЛИКО Олива Гарден во следниот период е проширувањето на повеќе видни локации, наметнување кај потрошувачите како прво маслиново масло произведено во Македонија кое носи бројни здравствени придобивки.

Крајната цел на инвеститорот е да произведе навистина премиум производ и долгорочно да инвестира во неговиот развој.

Кога станува збор за технологијата која се користи при цедење на маслиновото масло и неговиот квалитет, Extra Virgin Olive Oil важи за најквалитетното и наjздравото маслиново масло кое се добива со филтрирање на најдобрите, здрави плодови. Препознатливо е по богатата зелена боја со благ вкус. Овој тип на масло најмногу се почитува како во исхраната така и во козметиката.

 

Сподели!
- Advertisement -